Се поврзува...

За Пазар3

Основањето на Пазар3

Секој нов концепт се базира на потреба. Идејата за креирање на веб страница што ќе овозможи купување, продавање и размена беше реализирана летото 2006 година, со официјално пуштање во употреба на веб страницата Пазар3. Поставувањето на веб страницата беше проследено со огромен успех затоа што бројот на посетители од ден на ден се зголемуваше. Денес Pazar3.mk е водечкиот македонски купо-продажен пазар на Интернет мрежата, со 70 000 посетители на ден и повеќе од 1 600 огласи дневно.

Пазар3 Бизнис идеја

Бизнис идејата на Пазар3 е да обезбеди лесно и ефективно огласување за популацијата во Македонија. Преку Пазар3 луѓето може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети како никогаш досега. Целта на Пазар3 е постојано да го подобрува корисничкото искуство од онлајн огласувањето.