Македонски | Shqip | English |

Додајте ја Вашата е-продавница на Пазар3

Pazar3.mk е една од најголемите веб страници во Македонија која им помага на повеќе од 200.000 посетители неделно да ги пронајдат вистинските производи по вистинска цена.

Голем дел од посетителите на Пазар3 се активни купувачи и се подготвени за онлајн купување.

Која е цената за да станете дел од Шопинг листата?

Бесплатно може да станете дел од Шопинг листата. Наша цел е сите е-продавници во Македонија чии производи се совпаѓаат со нашите категории да станат дел од Шопинг листата. За е-продавници кои сакаат да го прошират својот бизнис ова е одличен маркетинг канал и можност за зголемување на продажбите.

Барања за прикажување на Шопинг листата

За да се прикажува на листата, продавницата треба да ги исполни следните услови:
  • да биде компанија која е регистриран даночен обврзник
  • таргетира македонски купувачи
  • ги постави цените во македонска валута - Денар
  • да прима порачки онлајн или преку е-пошта
  • нуди поддршка на македонски јазик
  • врши достава до сите општини во Македонија
  • го следи и почитува Законот за Заштита на потрошувачи на Р.Македонија
  • да сноси целосна одговорност за увезените добра, царини, даноци и други трошоци поврзани со увоз
Во случај трансакциите (директно или индиректно) да се поврзуваат со компании надвор од Европска Унија/ЕЕО онлајн треба да бидат вклучени и следните информации:
  • име на компанија, матичен број и регистрирана подружница на странска компанија
  • податоци за регистрирана компанија или подружница преку која ќе се одвиваат трансакциите
  • официјален даночен број на декларантот
  • изјава дека продавачот ги сноси трошоците за увоз на производите во Македонија и дека купувачите не ги сносат трошоците како што се царина, даноци и други трошоци.
  • точни информации кои се однесуваат на правата на потрошувачите да откажат нарачка, согласно Законите во Македонија
За интернационално прикажување, продавницата треба:
  • да прима порачки онлајн или преку е-пошта
  • да врши достава до потрошувачи во Македонија

Регистрирајте ја Вашата е-продавница на Шопинг

Кликнете тука за да ја додадете Вашата продавница

Кон почеток