Македонски | Shqip | English |

Информации за е-продавница

Како да дознаете дали продавачот ги почитува законите

Кога купувате производи Вие фактички правите договор со компанијата која стои зад таа продавница. Постојат бројни закони кои го дефинираат минималното ниво на заштита на потрошувачот кое треба да биде испочитувано од продавачот. Останатите закони ги штитат потрошувачите од агресивен маркетинг.

Заедно сите овие регулативи му даваат права на потрошувачите како што е враќање на дефектен производ или откажување на трансакција.

Сепак, како потрошувач треба да бидете знаете повеќе за компанијата со која се договарате и купувате и нејзините контакт информации. За жал ова не е секогаш вака кога се во прашање онлајн продавниците и кога треба да се применуваат регулативите за е-трговија. Законот предвидува дека секоја компанија која продава производи или услуги преку интернет треба да ги информира потрошувачите околу тоа. Оваа информација е потребна за да може потрошувачите да ја идентификуваат со нивната онлајн продавница и да стапат во контакт со неа.

Потребни се следните инфромации:

  • Име на компанија
  • Поштенска адреса
  • Е-пошта (имајте во предвид дека формуларот не е доволен)

Ако компанијата ги има, исто така треба да биде наведено:

  • Матичен број
  • Даночен број

Имајте во предвид

Само затоа што продавачот ја обезбедил долунаведената информација, незначи дека треба да му верувате. Понекогаш бескрупулозните продавачи оставаат лажни имиња на компании, адреси или телефонски броеви.

Ако се сомневате во идентитетот на продавачот, треба да проверите дали зад продавницата стои легитимна компанија. Ова најдобро може да го направите со споредување на официјалниот контакт оставен на нивната веб страница и оној во нивната продавница.

Ако некои од информациите не се совпаѓаат купете од друга продавница!

Кон почеток