Македонски | Shqip | English |

Полиса за враќање

Што значи Полисата за враќање?

Доколку купувате нешто од е-продавниците на Pazar3.mk, имате право да ја вратите нарачката најдоцна 14 дена од денот кога сте ја добиле. Продавачот треба да Ви го врати целиот износ кој сте го платиле, вклучувајќи ги и трошоците за достава на производот до Вас. Во секој случај, Вие ги сносите трошоците за достава кога го враќате назад производот.

Дознајте ги сите важни информации пред да купувате.

На веб страницата лесно може да ги добиете информациите за име и адреса на компанијата, опис на производот и цена, начини на плаќање, начини на испорака и Полиса за враќање.

Вашата нарачка мора да биде потврдена

Откако ќе ја направите нарачката, продавачот треба да Ви ги испрати сите информации кои сте ги договориле домашна адреса или на е-пошта. Доколку компанијата не Ви ги достави информациите, Полисата за враќање се продолжува за една година од датумот кога сте го добиле производот.

Дали Полисата за враќање важи за сите производи?

Постојат неколку производи кои не се покриени со Полисата за враќање. Пакoвани аудио или видео записи како и компјутерски софтвер чие паковање е oштетено, весници или списанија како и расипливи производи кои поради нивната природа не може да бидат вратени назад (како на пример храна).

Производи кои се произведени и значително променети на Ваше барање, како на пример персонализирани производи не се покриени со Полисата за враќање ако е така договорено со продавачот пред да се изврши плаќањето.

Може ли да го отворите спакованиот производ?

За да имате право на Полисата за враќање, производите треба да бидат значително непроменети, а тоа значи дека во повеќе случаи може да го отпаковате производот и внимателно да ја проверите исправноста. Исто така имате право да ги превземете сите акции кои се потребни за да ја испитате функционалноста, дури и ако тоа води кон намалување на вредноста.

Може ли да им верувате на продавниците околу објавената Полиса за враќање?

Постојат голем број на заблуди околу Полисата за враќање, но, секогаш најдобро е да ги прочитате сите информации дадени за производот пред да го купите. Еве некои од најчестите заблуди околу Полисата за враќање:

  • Треба да доплатите за да ја добиете Полисата за враќање!
    Не е точно – компаниите не треба дополнително да наплаќаат за да имате право на Полиса за враќање.
  • Полисата за враќање не ги опфаќа производите кои се на попуст, производи надвор од стандардната понуда, или производи како што се компјутери, мобилни телефони, проектори, жилети.
    Не е точно – единствените производи кои не ги покрива полисата се аудио, видео записи, весници, магазини или производи кои поради својата природа неможат да бидат вратени назад (како што е храна и други расипливи производи).
  • Полисата за враќање на производот не важи доколку го подигнувате преку карго или друг начин на достава!
    Не е точно – иако трансакцијата е извршена на далечина, Полисата за враќање важи. Не е важен начинот на достава.

Дознајте повеќе детали пред да купувате!

Ако Ви е од голема важност Полисата за враќање или било кој друг детал за купувањето, контактирајте ја продавницата пред да извршите плаќање. За да ги избегнете недоразбирањата, погрижете се сите договарања да ги имате на е-пошта.

Кон почеток