Македонски | Shqip | English |

Седум Шопинг совети

  1. Избегнувајте трговци на црно, без регистрирана компанија или информации за контакт.
  2. Ако постојат детали за компанијата, а Вас и понатаму Ви е сомнителна стапете во контакт преку бројот што е објавен, не одете преку формуларот за контакт на нивната е-продавница.
  3. Посетете веб страници за споредување на производи и прочитајте ги коментарите и мислењата на други купувачи.
  4. Истражете малку повеќе за името на компанијата, адресата, телефонскиот број или луѓето кои се дел од таа компанија. Брзо истражување може да ги разреши сите сомнежи.
  5. Прочитајте ги роковите за испорака и условите за продажба пред да купите. Осигурајте се сите важни прашања да Ви бидат одговорени и зачувани на е-пошта за избегнување на спорови во иднина.
  6. Избегнете продавници кои немаат добра Полиса за враќање. Исто така не купувајте од продавници каде што во Полисата за враќање пишува да не се отвора пакетот, ако го враќате производот или не ги покриваат трошоците за достава.
  7. Избегнете опција за плаќање кој му овозможува на продавачот да ги добие парите пред да го испорача производот. Доколку не сте сигурни контактирајте ја банката издавач на Вашата картичка и распрашајте се околу можноста за враќање на парите ако не го добиете производот.
Кон почеток