Македонски | Shqip | English |

Прикажување на Шопинг листата – како функцинира?

Трговците кои се дел од нашата Шопинг листа ни ги обезбедуваат објавените податоци. Секоја вечер започнувајќи од 00:01 ги исчитуваме сите ценовници поставени на веб страниците на нашите е-продавници и сите промени веднаш се имплементираат кај нас.

Со поставување на Вашите производи на Шопинг листата, 2.1 милион посетители месечно лесно може да ги пронајдат. Купувачите може да дојдат до Вашата е-продавница со пребарување по клучни зборови или лесно навигационото пребарување по категории. Пазар3 Шопинг се состои од 2 различни категории: Споредување на цени и Шопинг. Категоријата Споредување на цени ги вклучува најпопуларните категории на производи за кои постои голема побарувачка помеѓу купувачите за да ги споредат цените. Пример за такви категории се: мобилни телефони, телевизори, таблети, фрижидери, машини за миење садови. Шопинг категориите се користат повеќе за споредба на производите, независно од цените, затоа што најчесто не се идентични и неможе да се споредат по цени.

Прикажувањето на Вашите производи на Шопинг листата бара:

  • Ценовник - документ со листа на производи кои ќе се прикажуваат на нашата Шопинг листа. За подетални информации контактирајте не: shopping@pazar3.mk
  • Лого кое треба да биде со следните димензии: 150х50 пиксели во .jpg или .gif формат.
  • Текст од 150 карактери, вклучувајќи и празни места. Ова треба да го опише Вашиот бизнис и предности од останатите на интересен и уникатен начин.
  • Потпишан Договор за соработка.

За прашања кои се однесуваат на барањата за Шопинг листата контактирајте ја Светлана Божиновска преку е-пошта: shopping@pazar3.mk, или на телефонскиот број: 047/455-077.

Кон почеток