Вака се пребарува и купува
1) Пребарувај! Начинот на купување на Пазар3 секогаш почнува со пребарување на продажните огласи кои се наоѓаат по „се продава“. Важно е да ги користите функциите за пребарување на правилен начин за да ги постигнете најдобрите можни резултати. Вака се пребарува! Постојат различни начини да се најде тоа што го барате. Кој начин Ви одговара Вам зависи од тоа дали барате конкретен предмет или сте генерално заинтересирани за предмети во рамките на одредена категорија на производи.
Пребарување по категории. Сите огласи се распределени по категории на производи. Сите основни категории се дадени на првата страница. Преку нив можете понатаму дури и да се задржите на подкатегориите. Пребарување единствено по категорија може да се случи доколку една категорија содржи само еден вид на предмет и Вие понатаму немате потреба да се ограничувате на зборови за пребарување. Друг случај е кога можеби сте несигурни околу правилното испишување на некој збор.
Пребарување со помош на пребарувач. Вашите зборови за пребарување треба да одговараат на огласот за посакуваниот предмет да биде вклучен во резултатот од пребарувањето. Пробајте разни зборови за пребарување и разни испишувања во нашиот пребарувач. Една добра препорака е да се размислува од гледна точка на продавач и разните зборови и изрази кои еден купувач би ги ставил во својот оглас. Функцијата за пребарување е најкорисна кога сакате да се ограничите на, на пример, марка или модел. Не користете ист збор за пребарување како што се називите на категориите.
Пребарување по географска област. Секој оглас се става под одредена област. Овие поделби најчесто се одредуваат по местото на наоѓање на предметот. Пребарувањето по област може да е на национално ниво, поединечни градови или зони(неколку блиски едни до други градови). Одбери ја таа опција ако си заинтересиран само за предмети во рамките на одредена област.
Брзо пребарување и Напредно пребарување Квадратчето за брзо пребарување се наоѓа најгоре на секоја страница. Таму можете директно да пребарувате по зборови кои се појавуваа во заглавјетот на огласот и описот. Напредно пребарување значи дека можете да се ограничите на подкатегории. За основните категории автомобили, резервни делови и живеалишта може да се пребарува и по конкретни критериуми.
2) Оглас за купување. Можете во следниот чекор да одберете да внесете оглас за купување доколку не успеете да го најдете посакуваниот предмет меѓу продажните огласи. Тоа се прави на ист начин како и внесувањето на оглас за продажба(читај погоре), само што одбирате „се купува“ наместо „се продава“ за видот на оглас на почетокот на формуларот.