Македонски | Shqip | English |

Luksuzno namestena kuka vo Bardovci

Се изнајмува од: Zoran 13 окт 21:05 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Цена на изнајмување:

1 250 ЕУР / месечно

Број на соби: 8
Адреса: Бардовци Комплекс Бели Вили
Површина: 280 m2
Број на спратови: 2 спрат
Греење: Струја
Локација: Центар, Скопjе
Се издава луксузна куќа во Бардовци. Куќата се наоѓа во комплекс (Бели Вили) со 8 куќи со сопствено обезбедување, во близина на куќата на рускиот амбасадор, германскиот амбасадор и заменик-американскиот амбасадор. Куќата има површина од 280 метри квадратни. Има гаража за две возила од 30 метри квадратни, сопствен двор од 650 метри квадратни опремен со летниковец и скара-фурна oпкружени со преку 100 зимзелени дрвца и други растенија. Приземјето се состои од 2 кујни, 2 гостински тоалета, голем салон и трепезарија. Првиот кат има 5 соби кои можат да бидат спални, детски, работни или гостински во зависност од потребата на клиентите. Има 2 бањи со џакузи, туш масажери од италијанско производство. Секоја соба има свој балкон (вкупно 5, од кои едниот е 20 метри квадратни со поглед на цело Скопје и Водно). Има и подрум од 40 метри квадратни. Куќата има 2 комплетно опремени кујни, 6 клима уреди, агрегат, вода во неограничени количини од сопствен бунар/извор кој не се наплаќа, сопствено парно кое работи на електрична енергија или нафта со 2 тона резервоар, аларм со дојава, 2 сателитски антени, 3 LED телевизори со ресивери, оптички интернет (60 mbps брзина, со лимит 600 ГБ) и MaxTV (Со сите канали вклучувајќи го и HBO).

Цената на месечната закпунина изнесува 1250 евра.
Контакт лице: Зоран 070 206 222

Албум од сите слики:
https://photos.app.goo.gl/WvZskN6noRYooaSg2

Сите слики спакувани во RAR:
https://drive.google.com/file/d/14V1KyNcvVPbBoZgfOsmHAzYiSqV3nM9K/view?usp=sharing

Нема посетени огласи
Кон почеток