Македонски | Shqip | English |

НОВИ ТРОСОБНИ СТАНОВИ ВО ГРАТЧЕТО ПЕЈТОН-БИТОЛА

Оглас од претпријатие. Се продава од: Мак Строј Инженеринг 14 јан. 22:49 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Цена:

-

Број на соби: 3
Адреса: ул. Христо Узунов - ул. Бранислав Нушиќ
Површина: 73 m2
Локација: Битола
Во продажба се 3 нови трособни стана на први, втори и трети кат на ул. Христо Узунов (Гратчето Пејтон - Битола).

- Станбена зграда од вкупно 4 стана
- Идеална ориентација за станбено домување (југ, југо-исток, југо-запад), дневен престој со поглед кон Пелистер, одлично природно осветлување.
- Можност за паркинг гаража на самата локација
- Визба за секој стан.

- Систем на затоплување / климатизација во комбинација од соларен систем - подно греење - вентилконвектори (fan coil): современ енергетски штедлив и ефикасен систем на затоплување / климатизација на вашиот дом со кој се постигнува брзо затоплување на просториите, регулација на влагата во воздухот и соодветна вентилација, без непотребни губитоци на енергија; секој стан има независна регулација на сопственото греење преку свој контролен панел; овој систем денес е и најефикасен во заштитата на здрава средина.

- Предиспозиција за приклучок на идната јавна градска мрежа на затоплување со парно греење/гас: системот на затоплување е веќе опремен за приклучок на идната мрежа, единствената адаптација од страна на идните сопственици е едноставно да се заменат вентилконвекторите со класични радијатори, кои денес се веќе и застарен систем во светот.

- Moжност за инсталација на камин во дневниот престој.

Технички податоци за градбата:

- Фасадна изолација 10 cm од полистирен 20кг/м3
врз ѕид од керамички блок
- ПВЦ столарија од специјализиран германски производител на профили Gealan Fenster - Systeme GmBh: тројно застаклување од кое едното е четири-сезонско стакло
- Системот за заштита од сонце/ветер (ролетни) е со специјална исполна од полиуретанска пена, а изолирана е и кутијата за ролетни со цел да се избегне губитокот на топлотна енергија преку фасадата; Електричен систем на регулирање преку далечински управувач.
- Преградните ѕидови се од керамички блок со соодветна топлинско-акустична изолација
- Под од дрвен паркет (даб) со современ дизајн.


Цена по договор.

Инвеститор и изведувач:
"Мак Строј Инженеринг" д.о.о. - Битола.
контакт: 071 231 652, 071 222 926, 070 237 600.

Нема посетени огласи
Кон почеток