Македонски | Shqip | English |

Novi trosobni stanovi vo gradceto Pejton

Оглас од претпријатие. Се продава од: Мак Строј Инженеринг Денес 02:13 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Цена:

-

Број на соби: 3
Адреса: ул. Христо Узунов - ул. Бранислав Нушиќ
Површина: 73 m2
Локација: Битола
Во продажба се 3 нови вселиви трособни стана на прв, втор и трети кат.

- Станбена зграда од вкупно 4 стана на ул. Христо Узунов (Гратчето Пејтон - Битола).
- Идеална ориентација за станбено домување (југ, југо-исток, југо-запад), дневен престој со поглед кон Пелистер, одлично природно осветлување.
- Можност за паркинг гаража на самата локација
- Визба за секој стан
- Бања +WC

- Систем на затоплување / климатизација во комбинација од соларен систем - подно греење - вентилконвектори (fan coil): современ енергетски штедлив и ефикасен систем на затоплување / климатизација на вашиот дом со кој се постигнува брзо затоплување на просториите, регулација на влагата во воздухот и соодветна вентилација, без непотребни губитоци на енергија; секој стан има независна регулација на сопственото греење преку свој контролен панел; овој систем денес е и најефикасен во заштитата на здрава средина.

- Заедничка техничка просторија (котлара) во подрумот наменета за системот на греење достапна за контрола и поправки.

- Предиспозиција за приклучок на идната јавна градска мрежа на затоплување со парно греење/гас: системот на затоплување е веќе опремен за приклучок на идната мрежа, единствената адаптација од страна на идните сопственици е едноставно да се заменат вентилконвекторите со класични радијатори, кои денес се веќе и застарен систем во светот.

- Moжност за инсталација на камин во дневниот престој.

Технички податоци за градбата:

- Фасадна изолација 10 cm од полистирен 20кг/м3
врз ѕид од керамички блок
- ПВЦ столарија од специјализиран германски производител на профили Gealan Fenster - Systeme GmBh: тројно застаклување од кое едното е четири-сезонско стакло
- Системот за заштита од сонце/ветер (ролетни) е со специјална исполна од полиуретанска пена, а изолирана е и кутијата за ролетни со цел да се избегне губитокот на топлотна енергија преку фасадата; Електричен систем на регулирање преку далечински управувач.
- Преградните ѕидови се од керамички блок 12см со соодветна топлинско-акустична изолација
- Под од дабов дрвен паркет (I класа) со современ дизајн.
- Блиндирана дрвена влезна врата.


Цена по договор.

Инвеститор и изведувач:
"Мак Строј Инженеринг" д.о.о. - Битола.
контакт: 071 231 652, 071 222 926, 070 237 600.

Нема посетени огласи
Кон почеток