Македонски | Shqip | English |

Kuka vo s.Vidoviste

Се продава од: Zoran 10 јан. 11:18 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Цена:

4 800 ЕУР

Број на соби: 6
Адреса: с. Видовиште
Површина: 600 m2
Број на спратови: 2 спрат
Греење: Дрва
Локација: Зрновци, Кочани
Куќата е во село Видовиште, општина Зрновци, Кочанско. До куќата се доаѓа по асфалт и има канализација и водовод. На долниот спрат има голем подрум, соба за складирање или остава, место за кујна споена со трепезариска соба, ходник и купатило со вц.
На горниот спрат има три соби, ходник, мала остава, отворена тераса со надворешни степеници. Куќата е во добра состојба и веднаш вселива. Легализирана е со документи и имотен лист во целосна сопственост на едно лице.
За оние кој незнаат село Видовиште се наога под падините на Плачковица од Кочанска страна и до селото се доага по нов асфалт од две страни и тоа од О. Облешево 8км и О. Зрновци 4км а до Кочани има само 12км. Селото изобилува со прекрасни природни убавини а веднаш над куќата се многубројните ливади, река и брана. Селото е целосно покриено со асфалт, канализација и селски водовод со бесплатна вода. Изобилува со прекрасни манастири и ново изградена селска црква. Секој кој што сака да му се продолжи животот овде му е местото!
За да се види куќата потребно да се најавите бидејки не живее никој во неа, а за подетални информации јавете се на тел: 070/777-226
Нема посетени огласи
Кон почеток