Македонски | Shqip | English |

РОЈАЛ ВАСЕ

Градиме како за наша душа

Фирмата ја основа нашиот татко, Васе Миланов на крајот од 1999 година. По струка е дипломиран градежен инженер, кој од самото дипломирање работи на својата струка. Најпрвин во ПОС РУДНИЦИ “ЗЛЕТОВО”, а од 1995 година како претприемач. Потекнува од занаетчиска фамилија, по татко столар.   Прикажи повеќе Фирмата ја основа нашиот татко, Васе Миланов на крајот од 1999 година. По струка е дипломиран градежен инженер, кој од самото дипломирање работи на својата струка. Најпрвин во ПОС РУДНИЦИ “ЗЛЕТОВО”, а од 1995 година како претприемач. Потекнува од занаетчиска фамилија, по татко столар.

Знаеме дека градителството од секогаш било тежок занает. Нашиот татко знаеше дека ќе биде тешко кога почнуваше да работи како претприемач. Тоа не нé обесхрабри ниту нас кога почнавме да работиме со него.

РОЈАЛ Васе е фамилијарна фирма. Денеска работи стабилно, исто какви што се и нејзините градби. Во текот на годините имаме изведено градежни работи на преку 180 објекти низ Република Македонија. Денеска сме посветени на инвестирање во станови кои се градат според наши стандарди, кои се за нијанса повисоки и построги од стандардните згради. Нивото на квалитет го дефиниравме во согласност со ИСО9001 и ИСО50001 стандардите со кои сме сертифицирани на меѓународно ниво од ТУВ НОРД; како и од најважниот за нас критериум - ОЦЕНКАТА НА КУПУВАЧИТЕ! Токму затоа кај нас повторно купуваат исти клиенти.

Она што нé разликува од другите е пораката од нашиот татко, која денеска строго ја применуваме: НЕ Е САМО ДО УПОТРЕБАТА НА КВАЛИТЕТЕН ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ, ТУКУ И ДО НАЧИНОТ НА КОЈ ИСТИОТ СЕ ВГРАДУВА.

ГРАДИМЕ КАКО ЗА СВОЈА ДУША.
РОЈАЛ ВАСЕ
Мишко Михајловски 57/11
Скопје, Скопjе
Кон почеток