Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

5 работни позиции идеални за мајките кои сакаат да работат од дома

 

Голем е бројот на мајки, кои работеле пред да бидат бремени, но и сега додека се на породилно отсуство сакаат да работаат, но од дома. Некои од нив и не работеле, но сега додека се дома на породилно отсуство сакаат да се посветат на бебето, но и да работат нешто доколку имаат можност, тоа да биде работа од дома. Работата за мајки од дома сега веќе е многу модерно, исплатливо и во денешно време многу барано решение.


Од повеќегодишното искуство, Пазар3 сајтот за огласување, ја препозна потребата на мајките за работа од дома, што е една од причините за креирање на категорија на сајтот - „работа од дома“. Овде редовно се поставуваат огласи за работа од дома.


Истражувавме и дознавме што најмногу мајките бараат како работа од дома, односно што мајките може да работат од дома, што и ќе Ви претставиме во продолжение.



Блогерка – одлична работа за креативни мајки

Ништо не може да биде позадоволително од помислата дека сте сам свој шеф, дека работате по свој плат и за свои цели. Креирање блог го дава токму тоа чувство. Ова е креативна работа и единствено што е важно за блогот да биде успешен е да има квалитетни и интересни содржини.

Работата на блог за мајки од дома бара само неколку трикови (убаво изразување, познавање на технологијата и квалитетна опрема кој е неопходна) и секако љубов за темите кои ќе ги објавувате на блогот. Во ова време токму оваа работа од дома може да Ви донесе и голема заработка, но и задоволство. Формта на блогот (пишување, фотографирање, видео) треба да се бира во зависност од сопствените можности и преференци.


Фриленсер пишувач – работа за мајки кои уживаат во пишувањето

Фриленсер е модерен збор кој се однесува за работа на проекти, без редовен работен однос. Секоја мајка која сака да пишува (посебно доколку добро познава некој странски јазик) може да работи како пишувач на разни теми од дома. Доволно е да пребарате на нашиот сајт, за да видите колку е оваа работа барана. Пишување статии за други, за разлика oд пишувањето за себе води до сигурна заработка. Освен блогови може да пишувате и описи на производи, соопштенија и сл.
Секоја мајка која сака да се повети на едукација за оваа тема (на интернет може да пронајдете доста едукативен материјал) и ужива во пишувањето, а има талент за тоа – на овој начин може одлично да си заработи и тоа од дома.


Учество во онлајн фокус групи – ретка, но лесна работа за мајки кои сакаат да работаат од дома


Помалку популарна и помалку барана, но не и помалку платена работа за од дома е учество во онлајн фокус групи. Секоја сериозна компанија пред лансирање на некој одреден производ или претставување на некоја услуга која ќе ја нуди на пазарот, прво ќе направи истражување дали таа услуга или производ воопшто се потребни, какви треба да бидат и сл.
Тоа истражување подразбира и составување фокус групи.


Онлајн продажба – работа од дома, за мајки кои имаат познавање од трговија

Препродавање производи или продавање на свои преку интернет е уште еден одличен начин на кој може да заработат мајките од дома – ако имаат идеја за бизнис.
Од продавање на сопствените работи или работите на детето кои веќе не ги употребувате, од креирање на сопствени производи, до купување на одредени производи а потоа и нивно лансирање на пазарот по повисока цена – идеи за онлајн бизнис има многу. Потребна е само идеја и секако познавање на правните работи за регистрација на онлајн бизнис.

Виртуелен асистент – модерна работа од дома која мајките може одлично да ја извршуваат

Секоја мајка има одредени организациски вештини. Впрочем тоа е она што е најпотребна карактеристика за еден асистент. Во минатото, асистентот морал постојано да биде блиску до личноста за која работи, но сега, за среќа на мајките тоа се промени.
Постојат работи кои можат да се завршат онлајн (резервација, сместување, договарање состанок, управување со маилови и потсетување на работниот план, водење друштвени мрежи и сл.) Токму поради тоа, виртуалните асистенти, можат да ги работат сите овие работи од дома. Мајките се имаат покажано како одлични виртуални асистенти до сега.

Ова се само некои од најчестите работни позиции и начини на кои мајките може да работат од дома. Нема сомнеж дека на оваа листа секоја мајка може да пронајде работа која најмногу ќе и одговара. Не двоумете се и уште денес брзо и едноставно регистрирајте оглас. Ви посакуваме многу среќа во пронаоѓањето на работа!

Кон почеток