Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

5 совети за уредување на домашна канцеларија

5 совети за уредување на домашна канцеларија

 

Домашната канцеларија некогаш се сметаше за луксуз, а денес тоа е задолжителен агол во скоро секој дом. Домашните канцеларии својата експанзија ја достигнаа со развојот на технологијата што овозможи милиони луѓе низ целиот свет да работат од дома.

Платформата Пазар3 ја препозна популарноста и важноста на работата од дома во 21от век, така што за истото му посвети посебен простор за рекламирање на самиот веб сајт. Ова е местото каде што секој ден се објавуваат огласи од работодавци кои бараат некој кој ќе работи од дома, а исто така и оние кои бараат работа.

Работата од дома е дефинитивно во екот на популарноста, така што уредувањето на канцеларијаа во Вашиот дом е неопходно и со тоа создавате работен агол што ќе поттикнува и претставува одлична работна околина.

Ако само се прашувате како да уредите домашна канцеларија - не грижете се, бидејќи го истраживме ова за Вас, така што во продолжение ќе Ви понудиме одлични совети за уредување на домашна канцеларија.

 

Внимателно одберете ја локацијата за домашна канцеларија

 

Прво, и веројатно најважно, што треба да размислите кога ја уредувате Вашата канцеларија е местото каде што ќе се наоѓа. Размислете за природата на Вашиот бизнис, начинот на кој ја извршувате, големината на домот, но и потребите на луѓето со кои живеете.

Ако сакате да работите во мир и приватност, канцеларија во посебен одвоен дел од домот (куќа во градината, гаража или балкон) најдобро ќе одговори на сите Ваши потреби. Сепак, повеќето луѓе го немаат овој простор достапен, затоа ставете ја канцеларијата во просторијата за одмор, дневната соба или ако има доволно простор - издвоете една цела соба за домашна канцеларија.

Оние кои не можат да се „исклучат“ и да се посветат на работата, и истовремено треба и да внимаваат на детето, да подготват оброк или да вршат слични активности, секако најдоброто место за канцеларија е да биде во близина каде што се извршуваат секојдневните домашни обврски - кујна, трпезарија и дневна соба.

Ако немате доволно простор, успешно може да ја организирате и Вашата домашна канцеларија во аголот на спалната соба или дневната соба, дизајнирајте го правилно и искористете го поголемиот дел од малиот простор што го имате на располагање.

 

Што Ви треба во домашната канцеларија?

 

Сега, кога имате локација за домашна канцеларија, време е да размислите што Ви треба во таа канцеларија. Можете исто така да го сторите тоа пред да изберете локација.

Еве ги прашањата на кои треба да одговорите, за да знаете што е потребно во Вашиот работен простор:

  • Колку простор Ви е потребен за екранот (компјутерот)?

Ако користите мал лаптоп при извршување на работните задачи, јасно е дека потребно Ви е помало биро одошто за оние со огромен екран.

  • Колку простор за складирање Ви треба?

Наместете го просторот за складирање, наместо подоцна да се прилагодите на него. Треба да одвоите што е можно повеќе место за складирање. Без разлика дали станува збор за полици, табли или фиоки - простор за домашната канцеларија е многу потребен!

  • Дали се неопходни елементи како што се печатач и скенер?

Принтерите и скенерите знаат да заземат многу простор, затоа треба да ги избегнувате да ги ставате во домашна канцеларија. Освен ако не се неопходни, се разбира.

  • Дали е лесна пристапноста до домашната библиотека и важна за деловното работење од дома?

Ако Ви требаат книги, списанија и други материјали додека работите, дадете се од себе за да имате лесен пристап до нив од бирото.

  • Дали клиентите и соработниците ќе ја посетат домашната канцеларија?

Ако клиентите и соработниците ја посетат Вашата канцеларија дома, таа треба исто така да биде многу репрезентативна, пространа, убава и уредна.

 

Биро и осветлување - најважните елементи на една домашна канцеларија

 

Најважните елементи на една домашна канцеларија се канцелариското биро, столот и осветлувањето.

Нашиот совет е да не штедите пари на биро и стол - тие мора да бидат со добар квалитет и да траат што е можно подолго. Канцеларијата треба да биде колку што е можно поголема, со соодветна висина и врвен квалитет. Кога станува збор за осветлувањето, - доброто осветлување е од суштинско значење!

За домашна канцеларија најдобро е да барате место со што поголема природна светлина.

Ако сè уште не е достапно, изберете квалитетно осветлување што потсетува на она природната светлина. На човечкото око повеќе одговара жолтеникавата светлина отколку поладни тонови. Светлото не поставувајте го директно на Вашиот компјутер – ова може да ги иритира очите и не е пријатно постојано да гледате во мешавина од две различни вештачки светла.

 

Декорацијата ќе инспирира и мотивира

 

Канцеларискиот мебел може да биде многу едноставен, досаден и безличен. А наспроти тоа, забележавме дека кај луѓето кои работат од дома, канцелариите се многу интересни. Ова е благодарение на декорацијата. Мотивациони постери, интересни слики, рамки со семејни фотографии, позадини кои совршено ја кршат монотонијата се само некои од идеалните избори за декорација во домашната канцеларија.

 

Избор на бои за Вашата домашна канцеларија

 

Психологијата на бојата е докажано едноставна! Одредени бои предизвикуваат емоционални и физички реакции кај поединци. Покрај тоа, бојата влијае на нивото на расположение и енергија.

Затоа, бидете свесни за психолошкото влијание на бојата при уредување на домашната канцеларија.

Боите што најмногу се препорачуваат за sидовите на Вашата работна околина се: бела, светло сина, сива, кафеава, пастелна жолта, виолетова, зелена и портокалова боја. Нашиот совет е тоа да одберете неутрална боја за ѕидовите, како што е бела, сива или беж, со сини или зелени детали - резултатот ќе биде интересна домашна канцеларија.

Кога станува збор за уредување на домашната канцеларија, секако ќе биде многу побрзо, подобро и полесно со овие совети! Опремувањето на домашна канцеларија уште од почетокот земете го како важна задача и посветете му доволно време - сепак ова е местото каде што ќе ги извршувате сите важни работни задачи!

Ако штотуку започнувате со работа од дома или барате нови клиенти и соработници - едноставно и брзо поставете оглас на нашата платформа, а истото важи и за оние кои бараат некој да работи од дома за нив. Ви посакуваме многу деловни успеси во новата домашна канцеларија!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации