Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

5 видови на цвеќиња кои успеваат во сенковити позиции
5 видови на цвеќиња кои успеваат во сенковити позиции


Пролетта за многумина е најубавото годишно време, а со сигурност најубава за сите љубители на цвеќиња, декоративни треви и зимзелени садници кои со нетрпение го чекаат топлото време за да започнат со разубавување на нивните цветни градини. 

Повеќето од цвеќињата најдобро успеваат на сончеви места. Меѓутоа, не очајувајте! Постојат неколку видови на преубави цвеќиња кои се исто толку ракошни и преубави и во сенковити позиции.

Дури и ако твојата градина е воглавно во сенка, сепак истата можеш да ја претвориш во вистинска убавица - секако доколку направите правилен избор на цвеќиња. Многу убави растенија ќе бидат добро под големо дрво во сенка или во цветни леи, висечки саксии или жардињери. Но, пред да засадите било што, обрнете внимание на тоа колку сенка имате. Целосната сенка значи три часа или помалку директно сонце, додека делумната сенка е еднаква на три до шест часа.

Доколку мислите дека ви треба многу сонце за да одгледувате убави цвеќиња, размислете повторно. Ние за вас ја подготвивме оваа листа со видови на растенија кои одлично напредуваат во сенка и создаваат вистинска убавина.

Хортензија

5 видови на цвеќиња кои успеваат во сенковити позиции

Хортензијата е едно од омилените цвеќиња на градинарите поради големите цветови и разновидните бои во кои е достапна. Може да се засади под некое високо дрво, а често може да се забележи и заседена покрај ограда или пешачки патеки каде одлично се вклопува бидејќи создава убава грмушка со разновидни бои на цветови.

Нивната идеална позиција е место кое добива утринско сонце, а попладне го фаќа сенка. Потребно е редовно да се наводнува, особено во најжешките летни денови.

Винка (Impatients)

5 видови на цвеќиња кои успеваат во сенковити позиции

Овие преубави цвеќиња достапни во многу бои со сигурност ќе донесат свежина и шаренило од бои во вашата сенковита градина. Винката не бара некоја посебна нега - доволно е да внимавате да биде редовно, но умерено наводнувана. Најдобро успева во целосна сенка, а почнува да цвета од раната пролет и целото лето. Достапна е во бела боја, розева, црвена, шарени нијанси и други бои. 

Лобелија

5 видови на цвеќиња кои успеваат во сенковити позиции

Лобелијата создава изобилство на интензивно обоени цвеќиња во текот на целата сезона. Има ситни цветчиња кои можат да бидат бели, розеви, сини или виолетови. Има буен раст и изгледа одлично кога е посадена во висечка саксија или наземи покрај патека каде ќе создаде прекрасен “кревет” од бои. Потребно е земјата во која е посадена да е постојано влажна.

Ipomoea - сладок компир

5 видови на цвеќиња кои успеваат во сенковити позиции

Ова едногодишно растение претставува навистина одлична можност да направите комбинација од неколку различни цвеќиња, кои би ги истакнале поради големите зелени листови на овој вид на растение. Ipomoea или слаткиот компир е специфичен по тоа што расте многу брзо и за кратко време ќе ја покрие целата ограда доколку е посадено во жардињера, или пак ќе ја покрие целата цветна леа доколку е позадено на земја.

Во комбинација со други видови на цвеќиња или посадени самостојно, овој вид на растение претставува рај за очи. Посадете го во поголема саксија со цел да ма простор да расте и да се развива брзо. Внимавајте, доколку го комбинирате со друго цвеќе, тоа да бие исто така со густ раст бидејќи слаткиот компир може да го надрасни и покрие. 

Ipomoea batatas 'Blackie' - сладок компир виолетова боја

5 видови на цвеќиња кои успеваат во сенковити позиции

Виолетовиот сладок копир е само еден подвид на Ipomoea batatas. Од зелениот вид се разликува во формата на своите лисја и цветовите кои се присутни за разлика од зелениот вид кој не создава никакви цветови. Освен тоа, и двата видови бараат иста нега и се развиваат на ист начин. Слаткиот компир претставува растение кое може да го одгледува секој - па макар и почетниците во градинарството бидејќи не бара никаква посебна нега.

Ова се само дел од многуте цвеќиња и растенија кои успеваат на тераси или градини каде има сенка. Погледнете ги сите огласи за продажба на цвеќиња на Пазар3.мк или контактирајте директно со расадниците за цвеќињa Гарден Центар Ристови, Расадник МИТ, Левидиа ДООЕЛ и многу други кои се огласуваат на Пазар3 како правни лица. 

Се надеваме дека ќе го направите вистинскиот избор при засадувањето на цвеќиња и ќе уживате во убавината и спокојот кој го носат истите!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации