AQUABAR е официјален дистрибутер на брендот ГОРСКА и увозник на висококвалитетни диспанзери за вода за домашна употреба. Вршиме дистрибуција на галони од 19л полнети со ГОРСКА вода.
Нашата цел е да доставиме здрава и чиста вода за пиење во вашиот дом и вашето работно место. Од 2006 па наваму, повеќе од 125,000 задоволни потрошувачи ги користат нашите услуги.
КВАЛИТЕТНА И ЗДРАВА ВОДА ГОРСКА е висококвалитетна минерална вода која извира во една од најчистите еколошко незагадени средини на Балканот. Изворот Трнскот се наоѓа на 1100 м надморска висина во пределите на планината Кожуф. ГОРСКА содржи природен баланс на магнезиум и калциум и низок процент на минерали и концентрација на сув остаток од само 168 мг/л. Поради нискоминералниот состав, конзумацијата на ГОРСКА е дозволена во неограничени количини во текот на денот. ГОРСКА е единствената изворска вода во Македонија која подлежи на редовна контрола од страна на водечкиот европски институт “SGS INSTITUT FRESENIUS” од Германија.
ГОРСКА е вистинскиот избор за Вас и здравјето на вашето семејсво.
logo gorska 19 литарските галони на Аквабар се изработени од поликарбонатна повратна амбалажа и немаат никакво штетно влијание на водата.
Со цел да се одржи квалитетот на водата, неопходно е да се врши санитизација на диспанзерите за вода на секои 6 месеци.
Water-Bottle-Delivery-white-background-small1-321x200 КВАЛИТЕТНА И БРЗА УСЛУГА Доставата на вода се врши до адресата која што ќе ја наведете на територијата на Скопје најдоцна 24 часа од вашата нарачка.
АКВАБАР врши сервисирање на диспанзерите за вода како и нивна санитизација проследена со механичко и бактериолошко чистење.
ЧЛЕН НА WE Watercoolers Europe е непрофитна организација која е основана во 1993 год и работи на интересите на индустријата за производство на диспанзери за вода.
WЕ асоцијацијата е препознатлива низ Европа поради тоа што ги поттикнува своите членови да ги подобрат стандардите на квалитет на своите производи и услуги на многу повисоко ниво. Целта е да се обезбеди здрава и квалитетна вода за пиење на сите конзументи.
Аквабар е првата македонска членка во WЕ асоцијацијата. За нас Официјален увозник на апарати за топла и ладна вода и овластен дистрибутер на ГОРСКА вода. Најбрза и ефикасна достава на Горска вода до Вашиот дом или канцеларија 💧 Контакт Аква Бар Ул.Благоја Стефковски бр.40 -Скопје- Тел:02/2533-088 Тел:071/333-858 ☎️ e-mail:info@aquabar.com.mk Апаратите Можете да ги погледнете на нашата веб страна www.aquabar.com.mk
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.