To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
27 годишна жена,мајка барам дете за нега и чување во мојот дом кој е прикладен за чување деца,со сите услови. Домот е преполн со играчки,едукативни карти,боенки со цел анимација и учење на детето преку игра. Притоа имам ќерка 18 месечна во домот што значи дека би било пожелно детето да е приближно на таа возраст поради заедничко играње и анимација. Се вклучувам во секоја активност на детето,се залагам за секојдневна подготовка на здрави и тазе оброци со цел зајакнување на имунитетот кај детето. Храната е обезбедена од моја страна. Родителот доколку сака може да посочи што да зготвам за детето. Родителот може да си го види детето кога и да посака преку вибер,да биде информиран за секојдневните активности и оброците кои детето ги конзумира преку слики. Поседувам сопствено возило и детски седишта што овозможува и прошетка на децата на барање на родителот. Домот се наоѓа во општина Бутел,при што предност би имале семејства од околните општини. За подетални информации ви стојам на располагање.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.