Published: Feb 05 2021 03:24

Novi trosobni stanovi vo gradceto Pejton

Published: Feb 05 03:24
Views: 124
Во продажба се 3 нови вселиви трособни стана на високо приземје, втор и трети кат.

- Станбена зграда од вкупно 4 стана на аголот ул. Христо Узунов - ул. Бранислав Нушиќ.
- Идеална ориентација за станбено домување (југ, југо-исток, југо-запад), дневен престој со поглед кон Пелистер и одлично природно осветлување.
- Можност за паркинг гаража на самата локација
- Визба со прозор за секој стан

- Систем на затоплување / климатизација во комбинација од соларен систем - подно греење (вклучувајќи ги и бањите) - вентилконвектори (fan coil): современ енергетски штедлив и ефикасен систем на затоплување / климатизација на вашиот дом со кој се постигнува брзо затоплување на просториите, регулација на влагата во воздухот и соодветна вентилација, без непотребни губитоци на енергија; секој стан има независна регулација на сопственото греење преку свој контролен панел; овој систем денес е и најефикасен во заштитата на здрава средина.

- Заедничка техничка просторија (котлара) во подрумот наменета за одржување на системот на греење.

- Предиспозиција за приклучок на идната јавна градска мрежа на затоплување со парно греење/гас: системот на затоплување е веќе опремен за приклучок на идната мрежа предвидена во регионот. Еединствената адаптација од страна на идните сопственици ќе биде едноставно да се заменат вентилконвекторите со класични радијатори, кои денес се веќе и застарен систем во светот.

- Moжност за инсталација на камин во дневниот престој (инсталирани се соодветни димни и вентилациски канали).

Технички податоци за градбата:

- Демит фасада со изолација 10 cm од полистирен 20кг/м3 врз ѕид од керамички блок
- ПВЦ столарија со тројно застаклување од кое едното е четири-сезонско стакло, соодветна за сите сезони од домашно поризводство. Профилите од кои е изработена столаријата се од специјализиран германски производител на профили за прозори Gealan Fenster - Systeme GmBh
- Системот за заштита од сонце/ветер (ролетни) е изолиран со специјална исполна од полиуретанска пена, а изолирана е и кутијата за ролетни со цел да се избегне губитокот на топлотна енергија преку фасадата; со електричен систем на регулирање преку далечински управувач.
- Преградните ѕидови се од керамички блок 12см со соодветна топлинско-акустична изолација
- Под од дабов дрвен паркет (I класа) со современ дизајн.
- Блиндирана дрвена влезна врата.


Цена по договор.

Инвеститор и изведувач:
"Мак Строј Инженеринг" д.о.о. - Битола.
контакт: 071 231 652, 071 222 926, 070 237 600.

if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
124

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information