To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се продава реновиран стан од 78м2 во Аеродром, Ново Лисиче веднаш позади бензинската Окта.
- Нови прозори со мермерни потпирки - Плочките на кујната, балконот и тоалетот се во одлична состојба. - Нова када, лавабо, кабинетче за под лавабо, чешми, тоалетна шоља и казанче(помалку од 1 година се користени). - Вградени плакари и во двете соби! - Вграден плакар за обувки во влезниот ходник. - Нова кујна по мерка од премиум материјал - Високо квалитетна надворешна врата со две брави. - Станот има одлична звучна изолација - Приклучен е на градско парно - Има прекрасна голема тераса која има природна сенка од зимзелени растенија - Има подрум од 4м2 кој активно се користи. - Се наоѓа на ПРВ Спрат но сепак има теретен лифт погоден за селидби.
Локациски е веднаш до бензинската пумпа Окта, во непосредна близина има две градинки, школо, многу паркови, на 1 минута е и Детската Улица, на 10 минути пеш е Capitol Mall.
Станот е светол, а воедно има и природна сенка од зимзелените дрвја непосредно пред прозорците и балконот. Гледа на западна страна што овозможува пријатна светлина во попладневните часови и поглед на одлични зајдисонца!
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.