Published: Feb 16 2021 08:00

Луксузен стан на Каирска 25, Тафталиџе (Млечен)

Published: Feb 16 08:00
Views: 112
Се продава нов луксузен стан на одлична локација во Тафталиџе 1 (Млечен), во нова бутик зграда, во близина на Катастер. Станот е со имотен лист. Зградата е номинирана за EU Mies award 22 - European Union Prize for Contemporary Architecture - Mies van der Rohe Award.

Станот е со нето-површина од 142м2 (120м2 станбена + 22м2 тераси). Над станот има кровна градина со 75м2 корисна затворена површина и 180м2 кровна тераса, достапна преку скали од станот или со лифт со посебен клуч.

Висина на становите од готов под до плафон е 280cм. Фасадната изолација е од камена волна со дебелина од 10см. Во однос на алуминиумска столарија, вграден е најтешкиот алуминиумски профил кој носи три стакла од по 6мм, со електрични ролетни на сите прозорци.

Паркетот е храстов, реден во форма на рибина коска, погоден за подно греење. Плочките се од италијански производители, класа "А" од Marazzi и Florim. Инсталирани се скриени и монтирани чешми и тушеви, како и скриени казанчиња од програма на Grohe, а бидеа, шољи и умијалници од Catalano. Има систем за прочистување од бигор и хемиски третман на вода за пиење.

Греењето и ладењето е решено со Daikin Altherma со плафонско греење/ладење и подно греење, вграден бојлер од 300л топла вода (се смета за високо економичен систем за греење и ладење). Секоја соба има посебен режим на ладење и греење управуван преку потенциометар, посебно за подно греење, посебно за плафонски фејнколер за ладење или дополнително греење. Ходниците и тоалетите поседуваат исто така подно греење кое се контролира само со стартување на подното греење.

Електриката, плафоните и паркетот на станот се изведени според рендерите приложени во огласот.

Станот се продава со две гаражни места и подрум.
За цена, јавете се на телефонот за контакт.
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
112
070261777

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information