Published: Nov 28 2024 04:30

Урбанизирани парцели на само 7мин од центарот на Охрид!

Published: Nov 28 04:30
Views: 887
Се продаваат урбанизирани градежни парцели за индивидуални куќи во МЗ “15 корпус“. Сите се на КП 497 во КО Велгошти, Охрид.

За просторот има Детален урбанистички план, ДУП за дел од МЗ 15 Корпус - Охрид, донесен на Совет на Општина Охрид со Одлука бр: 07-445/12 од 05.06.2002г.

Парцелите се на извонредна локација, на рамна површина, со идеална поставеност на објектите во правец север-југ, со оптимална оддалеченост од соседните објекти, со максимална осонченост, проветреност, со можност за отворање прозори на сите 4 страни. Местото е многу мирно, тивко, нема фреквенција од моторни возила, воздухот е чист, незагаден - вистинска идила, со чувство како да сте во рурална средина, а сепак сте во град - само 7 минути возење од центарот на Охрид!

Во близина на локацијата има:
- шопинг центри:
Хоби Центар на 1км (3мин)
- супермаркети:
Тинекс, Кам, Миса, Тамаро на 2км (4мин)
- техника, бела техника:
Нептун, Сетек, Техномаркет на 1-2км (3-4мин)
- ресторани:
Панорама, Станица на 1,3-2км (3-4мин)
- бензински пумпи:
Макпетрол, Лукоил на 0,9-1,6км (3-4мин)
- автобуска станица: на 1,6км (4мин)
- разни други поголеми и помали продавници, салони за мебел, сервиси, итн.

Пристапот кон парцелите е од ул. 15 Корпус (патот за Битола) која е со нов профил, ново асфалтирана, со нови тротоари и обележени ленти во боја за велосипеди, преку асфалтирана улица Александар Турунџев која води до Велгошти на исток. По оваа улица поминува електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура на која се врши приклучок.

За секоја парцела површината за градење (маркица) е 10х15м во основа, односно 150м2. Вкупна бруто површина за градење на секој објект е 375м2. Висината до венец е 7,5м. Секоја парцела има дворно место, со површина од 110-350м2! До секоја парцела има пристапен пат.

За парцелите има геодетски елаборат за физичка делба. Дојдете лесно и брзо до имотен лист и одобрение за градење!

Може да се продава парцела по парцела, повеќе парцели или сите заедно.

За повеќе информации заинтересираните може да се јавуваат на следните броеви: 078307208, +16402048507 (Viber, WhatsApp), 070344514
if this ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
887

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information