To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се изнајмува луксузна куќа лоцирана во елитниот дел на Бардовци. Куќата располага со два ката по 120 метри квадратни и подрумски просории 100 метри квадратни. На приземјето е сместена дневна соба со две тераси, трпезарија, кујна со остава и тоалет. На првиот кат има четири спални соби од кои едната е мастер со сопствен тоалет, вграден гардеробер и тераса. На катот има уште еден тоалет за останатите спални (детски соби), балкон и работна соба. Подрумските простории се поврзани со внатрешни скали со останатиот дел од куќата и имаат директен излез во дворот преку надворешни скали. Во подрумот има две простории од кои во едната има помошна кујна, остава и тоалет. Целата куќа располага со сопствено парно на струја, камин, клима уреди во сите соби, инсталиран систем капка по капка со прскалки за одржување на зелената површина на дворот, паркинг простор за две возила. Куќата е веднаш вселива и може да не контактирате во секое време доколку би сакале да ја разгледате. Во моментот куќата е празна и може така да се издаде, но стоиме на располагање и за опремување со мебел доколку тоа повеќе ви одговара. Цената за изнајмување на празна куќа изнесува 1100 евра месечно, наместена околу 1600 евра месечно. Секако ова не се конечни износи, стоиме на располагање за договор и околу цените и сите останати услови како би биле задоволни и двете страни. Контакт телефон: 070 27 57 92 (Ане)
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.