To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Продаваме куќа во Јени маало (попознато како „Ѓинимале“). Стара градска, но едноставна, куќа, со не многу високи плафони. Куќата состои од спрат и приземје (користено како работилница) кое продолжува во подрумски простории. Во приземјето и во спратот се влегува од дворот. На спратот има: влезен ходник од кој лево по мали скалички и врата се влегува до просторија која беше користена како летна просторија (на планот на фотографиите наведена уште и како „екстра соба“), а десно по ходниче се влегува до купатилото (кое е воедно и wc-то). Од тука се влегува во гостинскиот салон кој комотно сместува осмосед, фотелји и масичка. Од гостинскиот салон се влегува во: (1) трпезаријата, која е поврзана со кујната, (2) дневната која претежно беше користена како втора спална соба (бидејќи самата трпезарија е доволно широка за да служи и за дневен престој и за трпезарија) и (3) спална соба.
Во приземјето се влегува од дворот, во дел кој се користеше како работилница. По мали скалички се слегува во подрумските простории кои се пространи и со прозорчиња кои гледаат кон улицата. Пред едната просторија (на планот наведена како „подрумска просторија 2“) има и дел кој беше исто така користен еден период како остава (за зимница и слично) а потоа и како работилница (во овој дел нема прозори).
Куќата има сопствено функционално парно. Прозорите (трокрилни) и вратите се со шармантна, стара изработка. Функционални се, но се и доста стари и им треба реставрирање.
Квадратурата на спратот од куќата е 78 m2 по имотен лист, но со проширениот дел е 90 m2 (проширениот дел се наоѓа на земјиштето кое го купувате, така што нема да имате проблем за внесување во имотен лист). Дополнителна квадратура се терасата (која е пространа - видете на фотографиите), приземјето и подрумските простории и дворот на куќата.
Во куќата може да се живее и нереновирана (освен купатилото на кое му треба реновирање), но со реновирање би добиле многу поквалитетен простор за живеење. Куќата би била одлична и за деловни простории или пак за угостителски објект (може да се претвори во шармантен мини-хотел или пак во кафич/културен центар).
Куќата е во близина на основно училиште, градинка, здравствена амбуланта и продавници. До чаршијата се стигнува пешки за околу 5 минути. Има неколку градски автобуски станици во близина, а околу 5 минути пешки е и старата („селската“) автобуска станица.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.