Register a Pazar3 Account and get 50 denars!
Македонски | Shqip | English |

Luksuzna kuka vo Sopiste od 374m2

355 300 EUR

For sale by: Foti 23 Nov 12:15 Delete, Edit or Renew Your Ad
Ad type
For sale
Advertised by
Private
Number of rooms
Number of floors
Heating system
Цена за продажба: 950 ЕУР/м2
Може предлог цена за продажба.
може и замена со стан и доплата
Цена за изнајмување: 1.700 ЕУР/месечно , куќата не се изнајмува за краток претстој

Се продава/се издава куќа на атрактивна локација во прекрасна природа во Сопиште на 5,5 км од центарот на Скопје.
Куќата е изградена во 2013 година и се наоѓа на плац од 1.517м2, со посебна гаража (6,5м х 6м) за 2 возила.Куќата е на 4 нивоа (со вкупна површина од 374м2) со тераси на секој спрат и на 4-тото ниво има голема просторија и тераса со прекрасен поглед.
Постој видео надзор на приземје на прв и втор спрат а исто така и камери/алармен систем околу куќата.
Куќата е составена од:
Подрумска просторија од 54м2
Приземје од 110м2 , голема и светла дневна соба со камин да дрва, трпезарија со убав поглед, високо-квалитетна кујна изработена од орев дрво со вградени квалитетни електрични апарати,гостински тоалет и гостинска соба, влезен хол и голема тераса од 21м2 пред дневната соба.
На прв кат од 103м2 се сместени 2 пространи детски спални соби со големо детско купатило и заедничка тераса од 5м2 ,1 родителкса соба со сопствено купатило и гардеробер,влезен хол и посебна соба за перална со засебни тераси во сите соби.Помеѓу приземјето и првиот кат има визуелна комуникација (галерија)
На втор кат од 69м2 се наоѓа една голема просторија која има кујна , големо купатило , дневна соба со камин на дрва , голема тераса од 12м2 со одличен панорамски поглед према градот Скопје , сауна и можност за спална соба.Големата тераса на вториот кат овозможува непречено користење и уживање во панорамскиот поглед.
Куќата располага со сопствен (многу економичен) систем за греење и ладење односно Топлотна пумпа АЛТЕРМА DAIKIN за подното греење во цело приземје и во сите 4 купатила и 12 SABIANA фенкојлери за греење/ладење во други простории на куќата. Во сите 4 купатила има додатни високи регистри, 4 туш кабини како и систем за греење на санитарната вода со Германски соларни панели VISMAN.Сите инсталации во куќата се со највисоките европски стандарди, изработени со квалитетни материјали и технички решенија.Куќата (10cm дебелина на стиропор) е ниско-енергетска и цената на одржување е многу ниска.Хортикултурното решење на големото многу уредно дворно место е многу убаво со голема фонтана ,зеленило и разни дрвја. Оградата околу куќата и главната капија се изработени од ковано железо.Во дворното место исто така постој базен 10м х 5м и бунар кој што е поврзан со инсталација за полевање на тревниците.

To the top