To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Се продава викендица на преубава локација во близина на Марков Манастир, во извонредна природа покрај Маркова река.
Викендицата е легализирана со чист имотен лист, со површина од 174 м2, и дворно место од 450 м2. Викендицата има 2 посебни влеза, и половина од неа е прилагодена за живеење со површина од 97 м2 (77 м2 станбена површина и 20 м2 помошни простории). Другата половина се користи како магацински простор (77 м2).
Викендичката се наоѓа во Маркова Сушица, на главниот пат кон Марков Манастир, на само 1 км од манастирот и на само 2 минути до Маркова река.
Куќата е на 2 ката: на првиот кат има дневна соба и кујна со трпезарија, а на вториот се наоѓаат 2 спални соби со тоалет. Во дворот на викендицата има изѕидан бунар со хидрофор и водата од него се користи како техничка вода на двата ката (има сопствена водоводна мрежа во целата куќа).
Викендичката располага со техничка вода, струја, сопствена гаража, подрум, ѕидана скара и пергола во предниот дел од куќата. Ова е идеално место за одмор, со убава природа и чист воздух, на само половина час од главниот град.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.