To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
На само 6 км. од Берово, 50 метри по првото здогледување на Беровското езеро, од вашата лева страна лоцирани се ХЕСТИА апартманите. Објектот располага со 3 типа на соби: 3 фамилијарни апартмани (најмногу 4 возрасни), 2 студиа (најмногу 3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца) и 2 соба (најмноги 2 возрасни). Секоја од собите е со сопствен тоалет, комплетно опремена со чајна кујна, фрижидер, ТВ и бесплатен Wi-Fi интернет и тераса. На располагање на гостите е и заедничка просторија-ресторан со комплетно опремена кујна со шпорет со рерна, фрижидер и машина за перење на садови и ТВ. Во дворот има летниковец со скари на дрва и на плин за подготовка на врвни специјалитети од квалитетно домашно месо, сирење и беровски компир. За децата е обезбедено посебно катче во кое можат безбедно да си играат додека возрасните уживаат во дружењето и консумирањето на вкусните традиционални малешевски специјалитети, со малешевска сливова ракија. На само неколку метри под објектот започнува стаза за пешачење околу беровското езеро во должина од 2 км., доволно време за одмор и рекреација и дишање на квалитетен воздух богат со кислород. Заборавете ги вашите проблеми, посетете ја Хестиа и уживајте во вашиот заслужен одмор! Информации и резервации на телефон 075346321 Тони или 070206615 РадмилаLink description
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.