Regjistroni Pazar3 llogari dhe fitoni 50 denarë.

Apartmani Kosta

* * *
Вила Коста Охрид

Адреса: ул. Цар Самоил бр.26 - Охрид
Google Maps link: https://goo.gl/maps/E7aFRdAgWYtXPGhK9

Почитувани Гости,

За пријатен престој во прилог Ви даваме неколку корисни информации:

Прием на гости

Пријавување од 12:00 ч до16:00 ч (подоцна со претходна најава и договор) *
Одјавување до 11:00 ч **
*** При сместувањето се врши уплата на целата резервација

Помош и Информации

Е-mail адреса : [email protected] или на телефон: +389/71-935-679

Собна Услуга

На секои три дена - Промена на пешкири и средување на апартман ***
На секои седум дена - Менување на постелнина и целосно средување на апартман

Ред и мир

22:00 ч - 09:00 ч - Утрински мир
16:00 ч - 18:00 ч - Попладневен мир

Корисни информации

Ресторан - најблискиот ресторан се наоѓа на 10 м
Продавница - најблиската продавница се наоѓа на 30 м
Аптека - најблиската аптека се наоѓа на 30 м
Плоштад – се наоѓа на 100 м од вилата
Езеро – се наоѓа на 50 м од вилата
Екскурзии, изнајмување на кола, велосипед, мотор – информации кај сопствениците, Е-mail адреса : [email protected] или
телефон: +389/71-935-679

* Ако има промена или откажување на резервација, по пристигнувањето се наплаќа 50% од вкупната сума за деновите за кои е направена промената
** Доколку одјавувањето е после 11:00 до 18:00 ч се наплаќа 50% од цената за едно ноќевање, доколку одјавата е после 18:00ч се наплаќа 100% од цената на едно ноќевање.
*** Секоја дополнителна услуга од собарицата се наплаќа 5 евра на ден

Интересни места за посета во Охрид:
1. Релаксирана прошетка низ стариот дел на Охрид, дел од градот кој изобилува со тесни испреплетени улички надополнети со автентична стара охридска архитектура збогатена со многу цркви кои се споменици на културата и уметноста. На почетокот на стариот град ве пресретнуваат Св. Никола и Св. Богородица Болнички,магијата продолжува со пространата црква Св. Софија од XI век која плени со својата извонредно акустична концертна сцена, потоа ве обзема прекрасната глетка која ја нуди Св. Јован – Канео и Плаошник. Дел од низата на богатства е и Св. Богородица Перивлепта која во својот двор има галерија со уникатни икони и мала црквичка Св.Никола во која се наоѓа рачно изработената надгробната плоча на Св. Климент. Панорамата и видиковците кои ги нуди тврдината на Цар Самоил е посебно место за релаксација и уживање.

2. Природниот тек на реката Црни Дрим,која е природен спој на градовите Охрид и Струга започнувајки со нејзиниот извор во Св.Наум, вливање во Охридско Езеро и излевање во градот Струга.Секој ден има целодневна екскурзија од Охрид до Св.Наум.


3. Запознавање со нашето несекојдневно минато, наколни живеалишта локација Градиште, Воденица и Валаица со неодоливите Вевчански извори во село Вевчани, и на крај не пропуштајте да пробате нешто од нашата пребогата традиционална кујна, наша препорака е Ѓомлезе.

Пријатен престој во Охрид, за дополнителни информации и препораки Ви стоиме на располагање.

ул. Цар Самоил бр.26 - Охрид

Ohër

Shpalljet në llogarinë e biznesit

Të gjitha 0
Nuk u gjend asnjë shpallje në këtë llogari biznesi
Në fillim

Web-faqja jonë përdor Cookies për të përmirësuar eksperiencën tuaj në shfletimin e faqes. Duke klikuar "Unë pajtohem" ose duke vazhduar me përdorimin e web-faqes, ju pajtoheni me përdorimin e Cookies. Nëse ju nuk pajtoheni, ju mund t'i ndryshoni parametrat e kërkimit në shfletuesin tuaj.

Më shumë informacione