Компанијата ТЕХНОДОМ е водечка трговска фирма во Р. Македонија на пазарот за продажба на компоненти за ладилни системи и ладилни уреди за комерцијално и индустриско ладење. Технодом работи исклучиво на деловниот пазар и го држи околу 65 % од пазарот во својата дејност во Р. Македонија и секојдневно се труди да постигне повеќе со цел да го зголеми присуството на домашниот пазар како и на поширокиот пазар, излегувајќи надвор од нашите граници, во нашето соседство.
Откако е формирана нашата фирма во 1991 година ние секогаш се гордееме со нашата можност да ги понудиме најдобрите компоненти за ладилни системи, со високо квалитетна техничка помош и подршка. Ние нудиме продукти како резервни делови како и компоненти за изведба на сите видови Ладилни Комори, Ладилни Витрини, Ладилни Системи кои користат HFC- еколошки разладни флуиди (фреони) .
За сите наши производи од продажната програма постојано правиме истражување и анализи и тоа ни покажува дека има голем интерес меѓу потрошувачите кои ги лоцираме кај фирмите од Месната, Млечната индустрија, трговски фирми што се занимаваат со дистрибуција и продажба на прехрамбена стока, како и фирми што се занимаваат со производство, откуп и продажба на земјоделски производи.
Нашата компанија се ориентира кон комплетна услуга и брза достава на производите до нашите купувачи со комплетна понуда и најчесто директна продажба од лагер, како би се задоволил овој осетлив сегмент на целниот пазар, бидејќи сите наши купувачи се бават со производство или дистрибуција на храна, сè со цел да се сведат на минимум или да се отстранат било какви потенцијални загуби на купувачот или потенцијална опасност по крајните конзументи.
Нашата продажна програма се состои од:
Компресори и Кондензациски единици -агрегати
Испарувачи за разладни комори, Испарувачи за ладилни витрини
Кондезатори – воздушни и водени
Топлински изменувачи
Филтер-дехидратори, линиски компоненти за ладилните системи
Термо експанзиони вентили, Контролни вентили, Индикатори на влага
Електронски и механички термометри, термостати, пресостати, влагостати, дефрост и други контролери
Вентилатори Аксијални, Центрифугални и елиси
Антивибрациски цевки
Полиуретански Панели и Хигиенски лајсни за Ладилни Комори според HACCP
Станици за полнење на фреон, Вакуум пумпи
Сервисни алати за разлада, Електронски тест-детектори за фреон
Масло за компресори (минерално и синтетичко)
Бакарни цевки, Бакарни фитинзи, Изолација, Варилни компоненти
Сите видови на фреон
Основна карактеристика на нашите производи е квалитетот. Производите од нашата продажна програма во најголем дел се произведени во Европската Унија и еден мал дел во САД, Швајцарија, Јужна Кореја, Јапонија.