Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Ергономска столица – зошто би требало да инвестирате во неа

Ергономската столица брзо достигна светска популарност и се наоѓа на највисоко место за најпосакувана канцелариска опрема. Иако е познато дека е „добра за грбот и половината“ малку бројни се оние кои знаат зошто е тоа така, што е ергономска столица и зошто да се инвестира во неа.


Со оглед на тоа дека Пазар3 е платформа преку која се огласуваат оние кои бараат работа од дома и работодавци кои нудат работа, често сме во контакт со луѓе кои се вработени во фирми каде работата му е 8 саати пред компјутер. Преку долгогодишното искуство забележавме дека се поголем број луѓе работат од дома, па затоа и ергономската столица е нешто што се повеќе се бара.

Дали работите во канцеларија или од дома – верувајте дека ергономската столица Ви е повеќе од потребна. Во продолжение Ви ги нудиме сите информации за ергономската столица и зошто да инвестирате во неа.


Што е ергономска столица и кои и се карактеристиките? 

За разлика од традиционалните канцелариски и други столици, ергномската има карактеристики кои ја прават препорачлива за оние кои работаат седејќи. Несомнено претставува одлично парче канцелариски мебел, а нејзините главни карактеристики се тоа дека може да се прилагодува според Вашите желби. Еве кои одлики би требало да ги има ергономската столица:

Прилагодување на висината на седиштето

 

За да се смета за ергономска столица, нејзината висина мора да биде променлива, односно мора да постои можност за нејзино прилагодување. Ергономската столица треба да има механизам кој ќе овозможи да биде повисока или пониска, зависно од висината на личноста што ја користи. Висината на ергономската столица би требало да може да се намести така што личноста која седи да може да ги стави колената на исто ниво со колковите, а притоа стапалата да бидат спуштени на подот.


Прилагодување на длабочината на седиштето


Освен висината, длабочината на седиштето кај ергономската столица би требало да се прилагодува. Ова прилагодување служи да делот од колената до колковите да биде сместен на самата столица.
Недоволно длабока столица му дава сигнали на телото за да ги прекрстува нозете, што оневозможува доволен проток на крв до ногата. Истражувањата покажале дека ова е најголем проблем за венска тромбоза кај популацијата. Ако столицата може да се прилагоди и длабински, тогаш може да се смета за ергономска.


Прилагодување на висината на наслонот на столицата


Освен висината на целата столица, ергономската столица би требало да има и прилагодување на висината на наслонот за оној кој ја користи. Јасно е дека секој треба да си ја прилагоди столицата според своето тело и висина, за да му биде удобна потпора на грбот. Така наслонот го прави грбот поопуштен и помалку згрчен, што значи ослободување од понатамошна болка.

 

Прилагодување на аголот на наслонот на столицата 

 

Ова прилагодување овозможува грбот да се смести под удобен агол во столицата. Се смета дека аголот треба да се менува се додека не се најде тој што навистина Ви одговара. Може и да се остави сам да се менува секој пат кога личноста која седи се помести или повторно седнува. Оваа прилагодување дава можност за менување на положбата додека седите, а го намалува притисокот на некој дел од половината подолг период.


Прилагодување на наслонот на рацете


Наслонот за рацете би требало да се прилагодува исто така, за да може столицата да се нарече ергономска. Висината, но и ширината на наслонот за рацете треба да се прилагодува со цел удобност при пишување.

 

Квалитетни тркала


Кога седиме на столица, цело наше тело го држат неколку тркала на столицата. Поради тоа е битно тие да бидат квалитетни и долготрајни. Секоја ергономска столица, како синоним за квалитетен канцелариски мебел, би требало да има квалитетни тркала.


Лумбален наслон


Наслонот за грбот кај ергономската столица има лумбална потпора, а тоа значи дека му пружа удобна позиција на долниот дел на грбот и не му дава да биде свиткан во текот на работното време.


Прилагодување на наслонот за главата


Тука е и наслонот за главата.
Не мора секоја ергономска столица да го има, но доколку го има тој е прилагодлив. Се прилагодува согласно со висината на вратот, така да пружа удобност и на овој дел на телото.

Овие прилагодувања и карактеристики одредуваат дали столот е ергономски или не. Ако столицата ги има сите овие карактеристики, може да ја наречеме ергономска. Ако го нема столицата не е ергономска. Освен тоа, ергономските столици важат за удобни столици со убав дизајн, но тоа не се нивни главни карактеристики.

Предности од користење ергономска столица


Сигурно веќе сфативте зошто е добро да се инвестира во ергономска столица, но секако и подетално ќе Ви ги објасниме предностите на ергономската столица.
Како што кажува статистиката, секој кој работи во канцеларија, или од дома, ќе се соочи со проблеми во грбот и тоа неколку пати неделно. Здравствените проблеми кои ги предизвикува неправилното седење се големи, а со оглед на тоа дека сите кои работат во канцеларија или од дома се 99% седнати, овие проблеми се јавуваат токму кај нив.
Ергономската столица дефинитивно е решение за проблемите – обезбедува потпора на грбот и нозете, може да се прилагодува на телото и обезбедува целосна удобност и опуштеност на цело тело. Спречува појавување на болки во грбот, вратот и колковите, пренасочувајќи го напорот по сите делови на телото, а не само на неколку точки.


Сега е јасно зошто Ви е потребна удобна канцелариска ергономска столица, како и зошто е важно да инвестирате во неа за да биде што поквалитетна и поудобна. Чувајте го Вашиот грб додека работите дома или во канцеларија, а заштитата ќе Ви ја пружи ергономската столица, а доколку сте во потрага по работа или работници, или можеби во потрага по канцелариски мебел – пребарувајте на нашиот сајт или брзо и лесно поставете оглас на истиот.

Кон почеток