Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 259.711.184 илјади денари и бележи пораст од 14.1% во однос на истиот период од претходната година.
Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија и Косово, сите се земји членки на Европската Унија.
Германија е најголемиот извозен пазар за Македонија каде се пласира близу 47% од целиот извоз. Минатата година извозот од Македонија во Германија надмина две милијарди евра и за една година е зголемен за 13,3%. Ако се анализира што најмногу извезуваме во Германија, тогаш најголем дел од извозот се автомобилските делови кои во Македонија ги произведуваат странските инвеститори кои отворија фабрики во слободните зони. Најголем е извозот на Џонсон Мети чии катализатори и прочистувачи за издувни гасови се користат во германската автомобилска индустрија, а чиј извоз лани достигна 1,2 милијарди евра, што е околу една третина од целиот извоз на Македонија во Германија. Друг најизвезуван производ се сетовите за спроводници за палење кои во Македонија ги произведува Дреклсмајер, чиј извоз лани во Германија достигна 195 милиони евра. Потоа следуваат иницијатори и забрзувачи на реакција чиј извоз во Германија лани достигна 161 милион евра. Покрај нив, најизвезувани производи од Македонија во Германија се седиштата кои во Штип ги произведува Џонсон Контролс.
Втор најголем извозен партнер на Македонија според статистичките податоци за минатата годинава, е Бугарија. Но, на овој пазар се продаваат само 5,15% од македонските производи наменети за извоз. Лани извозот од Македонија во Бугарија изнесуваше 223 милиони евра, што е намалување за 8,6%. Ако се анализира што најмногу се извезува во Бугарија, тогаш во петте најизвезувани производи влегуваат само руди, суров тутун и челични цевки.
Трет најголем извозен пазар за Македонија е соседна Србија, каде се извезува 4,5% од целиот македонски извоз. Лани во Србија се извезени производи во вредност од 194 милиони евра, што е годишен раст за 4,9%. Најизвезувана извозна ставка во Србија лани се лекови во вредност од 12 милиони евра, кои во најголем дел отпаѓаат на извозот на лекови од Алкалоид. Втор најизвезуван производ се плоснати валани производи пресвлечени со пластична маса со извоз од над 10 милиони евра, а трет најголем извоз е направен со челични цевки во вредност од 8,7 милиони евра.
Четврт најголем извозен пазар за Македонија лани бил косовскиот пазар, каде оди 4,36% од македонскиот извоз. Во Косово лани сме извезле производи во вредност од околу 189 милиони евра, што е годишен раст од 11,6%. Најизвезуван производ на Косово лани биле горивата на Окта со извоз вреден 16,6 милиони евра. Втор најизвезуван производ со извоз од 9,2 милиони евра, лани е направен со цементот на Цементарница Усје. Трета најголема извозна ставка со вредност од 7 милиони евра се плоснати валани производ обложени со пластична маса, следуваат лековите и прачки од железо.
Годинава во листата 10 најголеми извозни пазари се најде и Белгија, каде лани се продале 3,95% од целиот извоз. Лани во Белгија сме извезле производи во вредност од 170 милиони евра, што е годишен раст од 32,4%. Најизвезуван производ во Белгија лани биле автобусите кои белгиски Ван Хол ги произведува во економската слободна зона Бунарџик во вредност од 125 милиони евра. Следните три најголеми извозни ставки во Белгија се тутун од типот Прилеп и Јака во вкупна вредност од 21 милион евра. Петта најизвезувана ставка во Белгија лани биле тапацирани седишта во вредност 1,8 милион евра.
Понатаму други земји во кои извезуваме се Романија, Шпанија, Хрватска, Италија. Производи кои најмногу ги извезуваме Ако се анализира што најмногу извезува Македонија повеќе од очигледно е дека странските фабрики во слободните економски зони ја менуваат структурата на извозот. На пример, дури половина од извозот на Македониај во 2016 година е направен со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките кои странските производи ги произведуваат во слободните економски зони.
Има три главни ставки кои го креираат македонскиот извоз. Најмалата ставка е извозот на руди и камен односно минерали. Втора по големина ставка е извозот на земјоделски производи од која се инкасирани 229,6 милиони евра и тоа е за 14,5 отсто повеќе од 2015 година. Најголемата и најболната ставка која е генератор на македонскиот дефицит е производството на преработувачката индустрија. Лани таа продуцирала извоз од 3,92 милијарди евра и во споредба со 2015 година бележи зголемување за 7,1 отсто.
Што се увезува Македонија?
Во продолжение Ви ги претставуваме топ десете најголеми увозни ставки. Платина, Гасни масла, Керамички производи за лабараториска и хемиска употреба, паладиум, електрична енергија, топло вални производи во макари, хемиски производи, лекови, електрични спроводници, мобилни телефони.
Доколку и Вие сакате да понудите некои од Вашите услуги или производи, или да побарате работи кои Ви се потребни, сетоа тоа може да го направите на Пазар3, каде секогаш го има вистинското решение за Вас.
Пораки
Информации за корисникот