Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Kако климата да ви работи по цел ден, а да заштедите струја?


Kако климата да ви работи по цел ден, а да заштедите струја?


Се поголем број на семејства користат клима уреди за време на летната сезона како прва опција за ладење на своите домови, а тоа значи дека сметките за струја би можеле да бидат навистина покачени доколку не знаете како би можеле да го избегнете ова.

Затоа, во оваа статија, ќе бидете во можност да прочитате како би можеле да ја оставите климата вклучена по цел ден, а воедно, тоа да не ги зголеми трошоците за електрична енергија!


Поставете го термостатот на стратешко место

Честопати, сопствениците на клима уреди го поставуваат термостатот на место кое што може да биде да речеме - ѕид кој што е насочен кон сонцето поголем дел од времето, па така, вашите Beko, Neo, Vivax, Samsung, AEG, клима уреди би биле приморани да потрошат повеќе отколку што треба.

Зошто? Бидејќи термостатите се всушност индикатори кои би му дале до знаење на клима уредот дека температурата е далеку потопла отколку што всушност е во собата во која што се наоѓате, па така, уредот би трошел повеќе енергија за ладење сметајќи дека тоа е потребно.

Затоа, избегнувајте да поставувате термостати на места кои што се изложени на сонце и топлина, во близина на светилки и електронски уреди, бидејќи ако го сторите тоа, ова ќе го "збуни" сензорот на термостатот и тоа би придонело кон поголемо трошење на електрична енергија.


Инвестирајте во инвертер клима и обрнете внимание на натписите за економично трошење

Сигурно сте забележале дека речиси секој клима уред пристигнува со натпис од својата енергетска класа/ рејтинг познат како EER а според стандардите на ЕУ, постојат 7 категории почнувајќи од A па се до G, со посебни поткатегории - A+, A++, A+++.

За ваша информација, моделите со назнака "A" се најекономичните клима уреди кои постојат, а секоја нивна подгрупа е се помалку економична.

Современите клима уреди кои што се познати како инвертер, тие се моментално одличен избор за секој дом кој што сака да има квалитетно ладење за време на летната сезона, или греење во зимската сезона.

Нивното користење ќе ви ги намали трошоците во споредба со стандардните клими, а она кое што е уште подобро е тоа што тие овозможуваат тивок и економичен перформанс.

Покрај ова, би сакале да ве информираме дека користењето на инвертер клима ќе ви овозможи буквално целодневно ладење по онаа температура која што вие ја сакате, благодарение на технологијата која што ја користи.

Имено, инвертер технологијата ќе ви обезбеди континуирано ладење наместо температурата да флуктуира нагоре или надоле, па затоа, размислете околу оваа опција.


Подесете ја температурата правилно

Генералното правило гласи дека вашите клима уреди ќе можат да заштедат повеќе енергија доколку ги подесите на начин на кој надворешната температура не би била различна од внатрешната за повеќе од 7 - 10 степени.

Според експертите, доколку температурата е поголема од 7 - 10 степени, тоа ќе направи климата да троши од 3-5% повеќе енергија, па затоа, се препорачува да го оставите клима уредот да работи на 26 степени, особено доколку не сте дома.

На овој начин, заштедата ќе биде поголема, а кога ќе се вратите во живеалиштата, вашите станови, викендици како и куќи и вили ќе бидат пријатни за престој.                                                                 


Редовно одржување и чистење на клима уредот

Правилното одржување на вашите клима уреди е од суштинско значење за долговечноста на овие системи за ладење, но, и за нивната економичност, бидејќи најголемите грешки кои што сопствениците ги прават е токму во врска со одржувањето.

Имено, без разлика дали станува збор за инвертер клима, стандардни клима уреди или пак, подвижни клима уреди, се препорачува барем еднаш во годината да одвоите време и на чистење.

Ваквата практика ќе се одрази позитивно врз овие системи за ладење бидејќи тие ќе можат да го исполнат својот максимален капацитет на ладење, а воедно, клима уредите би биле далеку по економични.

Причината е повеќе од едноставна, бидејќи како што работи клима уредот, со тек на време, во него ќе се собира прашина, влага и честички кои што би го отежнале правилното работење.

Тоа пак, ќе направи клима уредите да трошат повеќе струја за да постигнат одредена температура, па затоа, ве советуваме да обрнете внимание на одржувањето.

Во случај да поседувате надворешна клима, не заборавајте да го исчистите кондензаторот, бидејќи тој е повеќе склон кон надворешни фактори, поголема прашина и сл честички.


Инвестирајте во прозорци и врати со добра изолација

Дури и да ја имате најекономичната клима, на крајот од месецот, сметките за електрична енергија би биле високи, се додека вашиот дом ја нема потребната изолација.

Овој подвиг можете да го направите при евентуално реновирање на вашите станови или куќи, бидејќи се би пропаднало во вода доколку топлината не е правилно распределена, особено кога станува збор за летната сезона.

Се разбира, ова не мора да биде скапо, бидејќи тука ќе можете да прочитате како би можеле да го реновирате станот без многу инвестирање.

Одличната изолација во комбинација со солидни клима уреди е клучот за да овие системи за ладење бидат уште по економични од една страна, додека од друга, вашиот дом секогаш ќе биде пријатен за престој, токму онака како што сакате!

Уште една добра препорака би била да не користите бела техника како што се шпорети и печки или машини за садови кога надвор се највисоки температурите, бидејќи тоа ќе води кон зголемување на внатрешната температура на вашиот дом.

Наместо тоа, обидете се да подготвувате на тераса или пак да ја поставите облеката за сушење надвор.


Потрудете се да искористите некои од гореспоменатите предлози и во пракса, бидејќи тие се наменети за да го извлечете максимумот од вашите клима уреди, особено доколку сакате да заштедите и да ги намалите трошоците за електрична енергија.

За повеќе совети и решенија од секаков карактер, следете го нашиот блог, бидејќи Пазар3 секогаш се стреми кон тоа посетителите и корисниците на нашите услуги да ги имаат потребните информации без разлика на тематиката.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации