Македонски | Shqip | English |

Како онлајн огласувањето ја штити животната средина?

Глобалната тема – Загадување. Многу причинители на загадувањето а малку спроведливи решенија.

Се започнува и завршува во човечката личност, која некогаш е многу паметна а истовремено и негрижлива за средината во која живее. Замислете сите да размислувавме и да преземавме акции за зачувување на животната средина толку колку што читаме а и игнорираме истовремено. Се започнува со рационално искористување на расположливите ресурси, водење грижа за околината во која живееме. 

Има многу начини како да се зачува животната средина чиста. Освен главните загадувачи на воздухот голема улога при загадувањето имаат горивата како и фрлените отпадоци, посебно електронскиот отпад. Иако постојат посебни центри за рециклирање, се повеќе електрониката се фрла насекаде - што предизвикува големи штети.

Но ако секој по малку размислува и превзема акции, имаме шанси за напредок. Наместо старите предмети да ги чуваме дома со помислата “можеби ќе ни затребааат некогаш” или да ги фрлиме, можеме да ги огласиме и да заработиме од тоа. Повеќе страни би имале корист од ваквата одлука. Како прво, огласувачот – лицето сопственик на предметот ќе заработи дополнително. Како второ, купувачот – ќе добие добар предмет и добар квалитет за поевтина цена од нов. И како трето животната средина ќе Ви биде благодарна!

Затоа, пред да ги фрлите, размислете добро. Наместо старата електроника, фрижидери, мобилни, машини за перење алишта, телевизори и сл. да завршат во отпад, сигурно ќе има некој што ќе сака да го искористи  моментот да купи квалитетни работи за пониски цени.

Летото завршува а Вие сигурно имате некое парче облека кое не сакате да го носите наредно лето. Наместо да го фрлите, продадете го на нашиот сајт. Регистрацијата на оглас е многу лесна и едноставна!  

 

Кон почеток