Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Мајстор Мики ДООЕЛ

Професионална услуга, достапни во секое време, поволни цени!

Мајстор Мики е фирма регистрирана во Скопје која постои од 2005 година. Нивната главна дејност е сервис и отклучување на брави и изработка на клучеви за сите видови автомобили, како и станбени објекти.

Мајстор Мики ги нудат следните услуги:
- изработка на клучеви и кодирање
- сервис и промена на брави на возила
- отклучување на врати
- сервис и монтажа на брави на објекти

Во нивната екипа работат професионалци кои секогаш се стремат да ги задоволат клиентите и да одговорат на нивните барања. Во својата работа користат оригинални дијагностики од Европско потекло, кои работат според оригиналните фабрички протоколи.

Во Мајстор Мики можете да пронајдете секаков вид на далечински клучеви за возила, гаражни врати, лизгачки врати итн. Исто така, вршат отклучување на заклучени возила и изработка на клучеви по кодна карта или брава, како и поправка на брави и промена на механичката комбинација на бравите.

Независно дали се работи за отклучување на станбени или деловни објекти или возила, Мајстор Мики Ви стои на располагање во секое време.

Располагаат со најголема листа на достапни оригинални клучеви и далечинска.

Потребни им се само 30 минути за изработка според Вашата нарачка.

Во склоп на Продавницата на Мајстор Мики на Пазар3, можете да пронајдете сигурносни цилиндри за влезни врати, секакви видови на далечински клучеви за автомобили, универзални далечински за гаражни врати и рампи, кодирани клучеви и далечинска, отклучување на врати и сервис и монтажа на брави.

Кои се нивните клучни елементи за успешна соработка со клиентите?
- Вршат професионална услуга
- Достапни се во секое време
- Сето тоа е по поволни цени

Цела понуда на Мајстор Мики можете да ја погледнете во огласите подолу.

За консултации, закажувања и детали, достапни се на телефонските броеви:
02 / 2466 - 024
075 / 282 - 417

Доколку пак, сте заинтересирани за посета на нивната продавница или лична консултација, можете да ги најдете на улица Т. Китанчев, бр. 11, општина Аеродром, Скопје.

Ул. Т.Китанчев 11 (Аеродром)

Скопје, Скопjе

Огласи во продавницата

Сите 1-5 од 5
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации