Македонски | Shqip | English |

Шопинг Ново од македонските онлајн продавници

Тивка анестезија за болката на другите

200 МКД

„Тивка анестезија; за болката на другите“ е тематска збирка во која се објавени 14 раскази специјално напишани за оваа книга. Во општество и време во кое поединецот станува сè повеќе анестезиран од чувството на емпатија и можноста да го доживее страдањето на различните, 14 писателки и писатели се обидуваат да одговорат на прашањето каков е нашиот однос кон „болката на другиот“. Една од намерите на книгата е и да им даде глас на луѓето што се наоѓаат на маргините во општеството, живеат живот на аутсајдери или на обесправени поединци, луѓе чиј глас е замолчен. Застапени автори: Николина Андова Шопова, Петар Андоновски, Игор Анѓелков, Јулијана Величковска, Живко Грозданоски, Владимир Јанковски, Жарко Кујунџиски, Калина Малеска, Владимир Мартиновски, Снежана Младеновска Анѓелков, Фросина Пармаковска, Олгица Станковска, Давор Стојановски, Фросина Стојковска. Приредувач: Владимир Јанковски ISBN: 978-608-243-192-5 Број на страници: 144 Димензии: 12x17 Корица: мека Јазик: македонски Едиција: Бесмртни мисли, книга 10 Категории: Антологии, Раскази, Made in Macedonia Година на издавање: 2016

Понуди од продавница

    Цена  
Antolog Antolog 200 МКД Оди до Antolog

Facebook коментари

Кон почеток