Македонски | Shqip | English |

Шопинг Ново од македонските онлајн продавници

Еднаш одигравме љубов

250 МКД

Триесетгодишна жена одлучува да промени нешто во својот професионален живот започнувајќи нова работа. На своето прво службено патување и прва работна задача, која очекува беспрекорно да ја исполни, запознава млад португалски писател во кого се вљубува и со кого започнува „електронска љубовна врска на далечина“. Кратката романса, вљубувањето, очекувањето и разочарувањето што неминовно следуваат се патот на созревањето и на спознавањето на сопствените желби. Романот ги следи емоционалниот развој на младата жена во современиот свет и љубовните болки и страдања како основа на тоа созревање. Погледите за неминовноста на љубовта и страдањата дадени само од женска перспектива, проткаени со низа емоции и раскажани речиси онака како што се доживеани, даваат автентична и реална слика на целиот роман.   „Романот Еднаш одигравме љубов од Елена Конеска е извонредно дело со цврста композиција, течна нарација и лесен стил на изразување на прозните ситуации во прозни слики“. Марина Мијаковска   Автор: Елена Конеска ISBN: 978-608-243-140-6 Број на страници: 208 Димензии: 13x20 Корица: мека Јазик: македонски Едиција: Дамар, книга 17 Категории: Љубов, Чиклит, Made in Macedonia Година на издавање: 2016

Понуди од продавница

    Цена  
Antolog Antolog 250 МКД Оди до Antolog

Facebook коментари

Кон почеток