Оглас од претпријатие Објавени: ноем. 26 2024 01:32

Се издаваат магацини 50м2-500м2 утоварна рампа видео надзор

Објавени: ноем. 26 01:32
Прегледи: 246
Магацините се посебни просториии преградени со ѕидови и клуч од истите има само закупецот, со што се гарантира максимална приватност и безбедност. Некои од магацините имаат природно светло.

Објектот е оддалечен 3 км од East Gate Mall, а 5 км од центарот на Скопје и е во месноста Триангла - Маџари.

Објектот е граден по највисоки ЈУ стандарди, тврда градба со стабилна температура и без влага, чист, добро осветлен, безбеден, со одделни машки и женски тоалети (на ниво на спрат), со телефонска, кабловска и оптичка инсталација.

Во објектот има инсталација за:
Телеком АДСЛ;
Телекабел кабелски интернет;
Телекабел оптички интернет.

Подот е од армиран бетон со носивост од 1т/м², над него има бетонска кошулица врз која е нанесен феробетонски премаз и истиот задоволува фитосанитарни услови за складирање на храна и лекови. Овој тип на магацини исполнуваат ХТП стандарди, а ХТП дозволата е неопходна за увоз на стока.

Магацините се издаваат само за складирање - никакво производство не е дозволено.

Објектот има теретни лифтови со носивост од 1,5т , утоварна рампа за шлепери (H=1,1м). Целиот објект е под 24 часовен видео надзор.

Висината на таванот е 3,45м, кај носечки столбови 3,00м .

На нашите закупци бесплатно им следува послужување со нашите рачни вилушкари (палетари) и колички.

Магацинската зграда е оддалечена 500м од автопатот (клучка Ченто) на влезот во Скопје, до паркингот на зградата има директен влез од главната улица (Благоја Стефковски).

Дворот е целосно асфалтиран, доволно е простран за манипулација на комбиња, камиони и шлепери. Постојат доволен број на паркинг места за коли и комбиња, и можно е кружно движење на возилата околу објектот.

Шлеперите може да се паркираат паралелно или нормално на објектот за утовар или истовар.

Утоварната рампа е под настрешница што овозможува утовар или истовар во секакви временски услови, и истата е одлично осветлена овозможувајќи утовар или истовар во секое време од денот.

Во објектот има и помали магацини - 9м²/12м²/16м²/18м² на IV спрат.

Контактирајте нè:

☏02-3118-433
[email protected]
⌨www.svojsklad.mk

Тагови за полесно пребарување:
Магацин, Магацини, Мали магацини, Боксови, Складишта, Склад, Складирање, Magacin, Magacini, Mali magacini, Boksovi, Skladista, Skladishta, Sklad, Skladiranje, Skladirane, Warehouse, Warehouses, Storage, Self Storage
Опис на линк

Свој Склад

Нашата приказна почнува во 1993 година со формирањето на нашата компанија чија основна дејност е издавање на сопствен имот и реиздавање на туѓ имот под закуп.

Повеќедецениското успешно работење е резултат на секојдневниот стремеж за подобрување на условите во self storage и во магацинските простории преку внимателно слушање на барањата и потребите на нашите закупци, одговарање на пазарните потреби и постојаните инвестиции кои ги правиме во сите делови на нашето работење. 

Нашите вредности се:

-Услужливост
Свој Склад постои за да им помогне на луѓето и компаниите и да го олесни притисокот врз нив. Ние постојано се стремиме да им го олесниме работењето на нашите закупци

-Емпатија
Ние секогаш внимателно слушаме и се ставаме на местото на луѓето кои ги услужуваме, разбирајќи како точно можеме да го олесниме нивниот товар

-Флексибилност
Секогаш сме флексибилни и го адаптираме нашиот сервис така што би ги задоволил барањата и потребите на нашите закупци

-Иновативност
Се стремиме преку иновации да го движиме нашето работење напред и никогаш не прифаќаме статус кво

-Интегритет
Во секоја ситуација пристапуваме со целосна посветеност кон решавање на истата. Ова важи за сите наши закупци, соработници, добавувачи и сервисен персонал

Свој Склад издава магацински простор за физички и правни лица.

Големината на магацините е од 9м2 (self storage) па сè до 1000м2.

Прв и едниствен self storage магацински простор во Македонија.

Посети ја страната на нашата продавница

ул.Благоја Стефковски, бр.16

023118433

https://www.svojsklad.mk

Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Продавач

Нашата приказна почнува во 1993 година со формирањето на нашата компанија чија основна дејност е издавање на сопствен имот и реиздавање на туѓ имот под закуп.

Повеќедецениското успешно работење е резултат на секојдневниот стремеж за подобрување на условите во self storage и во магацинските простории преку внимателно слушање на барањата и потребите на нашите закупци, одговарање на пазарните потреби и постојаните инвестиции кои ги правиме во сите делови на нашето работење. 

Нашите вредности се:

-Услужливост
Свој Склад постои за да им помогне на луѓето и компаниите и да го олесни притисокот врз нив. Ние постојано се стремиме да им го олесниме работењето на нашите закупци

-Емпатија
Ние секогаш внимателно слушаме и се ставаме на местото на луѓето кои ги услужуваме, разбирајќи како точно можеме да го олесниме нивниот товар

-Флексибилност
Секогаш сме флексибилни и го адаптираме нашиот сервис така што би ги задоволил барањата и потребите на нашите закупци

-Иновативност
Се стремиме преку иновации да го движиме нашето работење напред и никогаш не прифаќаме статус кво

-Интегритет
Во секоја ситуација пристапуваме со целосна посветеност кон решавање на истата. Ова важи за сите наши закупци, соработници, добавувачи и сервисен персонал

Свој Склад издава магацински простор за физички и правни лица.

Големината на магацините е од 9м2 (self storage) па сè до 1000м2.

Прв и едниствен self storage магацински простор во Македонија.

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации