Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Agent za prodazba na graficki materijal

0 МКД

Оглас од претпријатие Се нуди работа од: СТ Граф ДОО Скопје 14 јан. 16:00 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
СТ ГРАФ ДОО
бара работник на следната работна позиција:


ПРОДАЖЕН АГЕНТ ЗА ГРАФИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ


ПЛАТА: основна плата 20.000,00 ден со можност за екстра услови за надпросечни бонуси.

+ исплата на 0,5% од раб стаж секој месец, секоја година К-15, компаниски бонус на 5 години

Работа само во прва смена, на адреса Горно Лисиче бр. 210, Скопје


Вашето уредно CV со задожителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете го на
[email protected]


ДЕЛ ОД ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

- Продажба на големо и мало на графички материјали (машини и опрема за печатење, бои, самолепливи фолии, помошни материјали за дигитален и сито печат...)
- Планирање и имплементација на продажните активности
- Опслужување на постоечки клиенти преку примање и организирање нарачки, спремање на робата и испорака преку наш доставувач или курирска служба.
- Издавање на фискални сметки, испратници, фактури преку наш софтвер
- Изнаоѓање на нови потенцијални клиенти и организирање состаноци, посета на саеми
- Преговарање на услови за соработка и склучување договори
- Собирање и анализа на податоци од пазарот и клиентите
- Фокусирање на енергијата преку анализа на продажбите и изнаоѓање можности за развој и искористување на потенцијалот на пазарот и клиентите
- Следење на продажбата и предлагање идеи за унапредување на соработката со клиентите и бизнисот според новите трендови во графичката индустрија
- Одговорен е за исполнување на целите за продажба, наплата, нови клиенти… (Според договорен KPI модел)
- Допринос за унапредување на компанијата и пораст на прометот согласно годишните планови


Квалификации и образование:

Средно или Високо образование
3+ години практично искуство на истата или слична позиција;
Добро познавање Англиски јазик;
Компјутерска писменост
Важечка возачка дозвола за Б категорија.
СТ Граф ДОО Скопје
Leaflet
Кон почеток