Security Solutions од Скопје бара 1 (еден) искусен инсталатер (тим лидер) за безбедносни системи (камери, аларми, домофонија, противпожарна заштита, контрола на пристап и др.) и 1 (еден) помошник инсталатер.
Кандидатите треба да имаат основно познавање на англиски јазик и возачка Б категорија.
Кандидатите за тим лидер треба да имаат исксуство и познавање на дејноста и да имаат способност самостојно да водат тим.
Кандидатите за помошник треба да имаат искуство со рачен и машински алат како штрафилица или мала хилта, инсталации на кабли, монтажа на уреди ( не мора од оваа дејност)
Услови за работа: - Службено возило - Врвен алат од секаков тип - Редовно работно време - Вистинска можност за напредување - Пријатна работна атмосфера - Редовна плата на одреден датум во месецот - Платата се дефинира на основа на искуството и знаењето