Објавени: мај 03 2018 12:02

Smetkovoditel ovlasten smetkovoditel

Објавени: мај 03 12:02
Прегледи: 1
Сметководственото биро ПРИМА ПЛУС ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место сметководител/овластен сметководител со работно искуство:

1. Опис на работни задачи:
Организирање на добивање документи од клиенти, нивно превземање, организирање и подготвување за сметководствена обработка;
Внесување на податоци и книжење во сметководствен програм на сите видови на сметководствено-финансова документација;
Пресметка на даноци, изготвување обрасци за даноци, статистички извештаи;
Сложување картици на коминтенти, картици на артикли, сравнување попис и други сметководствени и финансови анализи;
Изработка на различни анализи и извештаи во excel на барање на клиент.



2. Потребни критериуми за работното место:

Уверение за сметководител/овластен сметководител;
Минимум 5 годишно работно искуство во финансиско и материјално сметководство;
Одлично познавање на MS Excel; добро познавање на MS Office;
Аналитички способности;
Способност за работа со голем обем на информации;
Способност за работа во куси рокови;
Способност за самостална работа;
Уредност, одговорност, исполнителност;
Позитивен став.

Работното место е за редовен работен однос со еден месец пробен период. Почетната нето плата е 18.000,- денари.

Вашата биографија, мотивациско писмо и копија од уверение за сметководител/овластен сметководител можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [email protected]. Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација ќе бидат земени во разгледување. Кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат контактирани.

Апликациите се примаат до 10.05.2018 година.

Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани до 15.05.2018 година за интервју.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
1

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации