Македонски | Shqip | English |

Se iznajmuva Vila Samovila

Се изнајмува од: Илчо Вчера 21:14 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Цена на изнајмување:

1 850 МКД / дневно

Број на соби: 4
Површина: 90 m2
Број на спратови: 1 спрат
Греење: Дрва
Локација: Делчево
Новоизградената Вила Самовила се наоѓа на планината Влаина во падините помеѓу врвовите Обел и Борова Могила. Лесно достапна е на само 8 км од центарот на Делчево кон граничниот премин со Бугарија, и само 30 км од Благоевград, Бугарија.
Прегрната од ридините на Влаина и разновидни шуми, изградената во традиционален Македонски стил вила ви дава одлична можност да поминете фамилијарен или викенд со пријатели во многу пријатна, приватна средина со преубави погледи, а сепак близу до населени места. Вилата е опремена со камин, централизирано греење што се храни од каминот, енергија од соларни панели.
Веднаш до вилата е изградена структура за дружење во потоплите денови, опремена со скара и фурна (ако сакате дури и лепче од фурна да си направите).
Дојдете и насладете му се на магичното искуство што само Вила Самовила го нуди во пијанечкото подрачје.
Нема посетени огласи
Кон почеток