Македонски | Shqip | English |

Novi trosobni stanovi vo gradceto Pejton

Оглас од претпријатие. Се продава од: Мак Строј Инженеринг Денес 01:44 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Цена:

-

Број на соби: 3
Адреса: ул. Христо Узунов - ул. Бранислав Нушиќ
Површина: 73 m2
Локација: Битола
Во продажба се 3 нови вселиви трособни стана на прв, втор и трети кат.

- Станбена зграда од вкупно 4 стана на ул. Христо Узунов (Гратчето Пејтон - Битола).
- Идеална ориентација за станбено домување (југ, југо-исток, југо-запад), дневен престој со поглед кон Пелистер и одлично природно осветлување.
- Можност за паркинг гаража на самата локација
- Визба за секој стан

- Систем на затоплување / климатизација во комбинација од соларен систем - подно греење - вентилконвектори (fan coil): современ енергетски штедлив и ефикасен систем на затоплување / климатизација на вашиот дом со кој се постигнува брзо затоплување на просториите, регулација на влагата во воздухот и соодветна вентилација, без непотребни губитоци на енергија; секој стан има независна регулација на сопственото греење преку свој контролен панел; овој систем денес е и најефикасен во заштитата на здрава средина.

- Заедничка техничка просторија (котлара) во подрумот наменета за системот на греење достапна за одржување и контрола на системот.

- Предиспозиција за приклучок на идната јавна градска мрежа на затоплување со парно греење/гас: системот на затоплување е веќе опремен за приклучок на идната мрежа предвидена во регионот. Еединствената адаптација од страна на идните сопственици ќе биде едноставно да се заменат вентилконвекторите со класични радијатори, кои денес се веќе и застарен систем во светот.

- Moжност за инсталација на камин во дневниот престој.

Технички податоци за градбата:

- Фасадна изолација 10 cm од полистирен 20кг/м3
врз ѕид од керамички блок
- ПВЦ столарија со тројно застаклување од кое едното е четири-сезонско стакло, соодветна за сите сезони. Изработена е од специјализиран германски производител на профили за прозори Gealan Fenster - Systeme GmBh
- Системот за заштита од сонце/ветер (ролетни) е изолиран со специјална исполна од полиуретанска пена, а изолирана е и кутијата за ролетни со цел да се избегне губитокот на топлотна енергија преку фасадата; електричен систем на регулирање преку далечински управувач.
- Преградните ѕидови се од керамички блок 12см со соодветна топлинско-акустична изолација
- Под од дабов дрвен паркет (I класа) со современ дизајн.
- Блиндирана дрвена влезна врата.


Цена по договор.

Инвеститор и изведувач:
"Мак Строј Инженеринг" д.о.о. - Битола.
контакт: 071 231 652, 071 222 926, 070 237 600.

Нема посетени огласи
Кон почеток