Македонски | Shqip | English |

Nova kuka vo strogiot centar na Stip

Се продава од: Branko 17 авг. 12:10 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Цена:

85 000 ЕУР

Број на соби: 6
Адреса: Иво Рибар Лола
Површина: 152 m2
Број на спратови: 3 спрат
За живеалиштето: Нова градба, Самостојна куќа
Греење: Друго
Локација: Штип
Се продава куќа, во Штип.
Локација:Централно градско подрачје
- Улица Иван Лола Рибар, има директен пристап на улица; сите простории се сончеви, ориентирани кон јужна страна;
-Оддалеченост од 150 метри позади Трговскиот центар во централното градско подрачје, со Супермаркет, основно училиште 100м, градски пазар 200м, со повеќе јавни бесплатни паркинзи на оддалеченост од 10 метри од куќата
Карактеристики:
- Сосема нова градба, изградена со 12 коморни термо блокови, одлична изолираност со стиродур од 5 см.
- Прозори и врати 7 коморни (Rehau-германско производство), термопан стакло;
- Фасада од абриб (отпорна на надворешни влијанија, не се мокри при дожд, го спречува формирањето на мувла и алги);
- Сите внатрешни ѕидови и тавани се со абрип;
- Подот е ламинат, под кој има изолација (пресуван стиропор), одлична изолација кон долниот спрат;
- Подот во ходниците и купатилата се од гранитни плочки (шпанско производство);
- Клима уред /изведена е само инсталација
-Изведена е инсталација со цевки и струја со сонди и контролна табла-компјутер за Соларен систем за топла вода на кровот, посебно за приземјето а посебно за спратот, во купатилата има плус два проточени бојлери (Самсунг 21kw), вентил со можност за избор;
- Електрична енергија со сопствен кабел директно од бандера со посебно броило 40kw, штекови инсталирани на сите ѕидови во сите соби на секои 2м;
- Инсталирани штекови за интернет, телефон, кабелска дигитална телевизија, сателитска телевизија и др. во сите соби и тоа на повеќе места; сите кабли се собираат во вградено ормарче, каде има можност да се преспојуваат или да се приклчат на друг оператор.
Со вода се снабдува директно од главен водовод со цевка од 3/4″ и притисок до 8 бари.
- Сите тераси и дворното место, како и влезот се оградени со метални огради, поплочени со гранитни плочки.
Површина:
- Внатрешна површина на приземјето кое е оддвоено комплетно изнесува 50 м2 (ходник,купатило, дневна соба со којна и трпезарија и спална соба со тераси и плус 18 м2 дворно место). Или вкупната површина внатре и надвор е 71 м2.
- Спратот со поткровјето комплетно изнесува 100 м2- (Ходник, купатило, дневен престој со кујна и трпезарија, внатрешни скали со галерија, две тераси и плус поткровјето со спална соба, детска соба, купатило и две тераси од кои едната е прилично голема )
-Купатилата на приземје и спрат се комплетно опремени, топла вода обезбедена со инсталирани проточни бојлери.
- Целокупната површина од 152м2 плус дворно место од 18 м2, с е на имотен лист!
Нема посетени огласи
Кон почеток