За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
,,Вила Михаела" е лоцирана на само 7 километри (13 минути) од строгиот центар на градот, нашата вила е совршено место за релаксација и бегство од градскиот метеж. Без разлика дали вашата посета е поради бизнис или пак задоволство, ние ќе се потрудиме да ви овозможиме пријатен престој. Доживувањата, предизвиците, и искуствата од нашите многубројни патувања низ светот и нашата страст кон туризмот не инспирираа да создадеме простор кој ќе одговара на потребите на сите видови посетители, од авантуристи, патници или групи на туристи до транзит гости кои поминуваат покрај Скопје.
Вилата располага со: -17 соби - Простор за забава - Сопствен паркинг - Теретана - Просторија за пушење - Мини бар - Кујна - Free WIFi
Сите оние кои имаат потреба од комотен и пријатен простор за состаноци, тим-билдинг, мали конференции, семинари или презентации на своите производи или услуги се добредојдени во просториите на Вила Михаела. Можете да не најдете на следната адреса: Ул. Жан Жорес бр. 202, нас. Хиподром, Скопје https://goo.gl/maps/ANA8hGR4Xj2QPcaj7
За сите дополнителни информации, слободно контактирајте не на тел. број: +38978423193, или посетете не на нашата веб страна: https://vilamihaela.com/
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.