Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Luksuzno opremena kuka vo Bardovci Beli Vili 280m2

1 250 ЕУР /месечно

Се изнајмува од: Zoran 07 фев. 14:27 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Број на соби
Површина
Број на спратови
Греење
Се издава луксузна куќа во Бардовци. Куќата се наоѓа во комплекс (Бели Вили)со 8 куќи со сопствено обезбедување, во близина на куќата на рускиот амбасадор, германскиот амбасадор и заменик-американскиот амбасадор. Куќата има површина од 280 метри квадратни. Има гаража за две возила од 30 метри квадратни, сопствен двор од 650 метри квадратни опремен со летниковец и скара-фурна oпкружени со преку 100 зимзелени дрвца и други растенија. Приземјето се состои од 2 кујни, 2 гостински тоалета, голем салон и трепезарија. Првиот кат има 5 соби кои можат да бидат спални, детски, работни или гостински во зависност од потребата на клиентите. Има 2 бањи со џакузи, туш масажери од италијанско производство. Секоја соба има свој балкон (вкупно 5, од кои едниот е 20 метри квадратни со поглед на цело Скопје и Водно). Има и подрум од 40 метри квадратни. Куќата има 2 комплетно опремени кујни, 6 клима уреди, агрегат, сопствено парно кое работи на електрична енергија или нафта со 2 тона резервоар, аларм со дојава, 2 сателитски антени, 3 LED телевизори со ресивери, оптички интернет (60 mbps брзина, со лимит 600 ГБ) и MaxTV (Со сите канали вклучувајќи го и HBO).

Албум од сите слики:
https://photos.app.goo.gl/WvZskN6noRYooaSg2

Куќата може да се види во било кое време, вселива веднаш.

Зоран 070206222
Leaflet
Кон почеток