Оглас од претпријатие Објавени: окт. 06 2023 08:35

Деловно техничка соработка

Објавени: окт. 06 08:35
Прегледи: 24
Почитувани,
Во продолжение Ви доставувам ПОНУДА за деловно техничка соработка и партнерство, за еден или повеќе спратови во објект познат под назив ХОТЕЛ МРАМОР, кој се наоѓа на ул. Кленоец бр.11 Карпош, Скопје.
1. ПРИЗЕМЈЕ ЛЕВО КРИЛО
Приземјето во лево крило е СПРАТ со приемен дел составен од заеднички простории со право и начин на користење од сите корисници на останатите пет спрата, начинот на користење е уреден со куќен ред, а просториите се следни:
• два дневни престоја, еден со клуб гарнитури за седење, wi-fi и библиотека, и еден со гарнитури за трпезариско седење и wi-fi,
• чајна кујна со опрема и прибор,
• два тоалета од кои еден е со машини за перење алишта,
• тераса со гарнитури за седење.
2. ПРИЗЕМЈЕ ДЕСНО КРИЛО
СПРАТ БРОЈ 1, со влезна врата со можност за заклучување, со ходник кој завршува со мала француска тераса и кој пред терасата е преграден со врата, со 5 соби/простории, во кои моментално има 11 легла, 1/3 и 4/2, секоја соба/просторија е со сопствен тоалет, моментално опремени со кревети, плакари, наткасни, маси, столици, клима, тв и wi-fi.
3. ПРВ КАТ ЛЕВО КРИЛО
СПРАТ БРОЈ 2, со мала тераса од 1.5м2, со влезна врата со можност за заклучување, со 5 соби/простории, во кои моментално има 15 легла, 2/4, 1/3 и 2/2, секоја соба со сопствен тоалет, моментално опремени со кревети, плакари, наткасни, маси, столици, клима, тв и wi-fi.
4. ПРВ КАТ ДЕСНО КРИЛО
СПРАТ БРОЈ 3, со влезна врата со можност за заклучување, со ходник кој завршува со мала француска тераса и кој пред терасата е преграден со врата, со 5 соби/простории, во кои моментално има 12 легла, 1/4 и 4/2, секоја соба со сопствен тоалет, моментално опремени со кревети, плакари, наткасни, маси, столици, клима, тв или компјутер и wi-fi.
5. ВТОР КАТ ЛЕВО КРИЛО
СПРАТ БРОЈ 4, со мала тераса од 1.5м2, со влезна врата со можност за заклучување, со 5 соби/простории, во кои моментално има 15 легла, 1/4, 3/3 и 1/2, секоја соба со сопствен тоалет, моментално опремени со кревети, плакари, наткасни, маси, столици, клима, тв и wi-fi.
6. ВТОР КАТ ДЕСНО КРИЛО
СПРАТ БРОЈ 5, со влезна врата со можност за заклучување, со 5 соби/простории, во кои моментално има 12 легла, 1/4 и 4/2, секоја соба со сопствен тоалет, моментално опремени со кревети, плакари, наткасни, маси, столици, клима, тв или компјутер и wi-fi.
----------------------------------------------------------------------------------
Објектот се наоѓа во населба Влае, општина Карпош, Скопје, во мирен дел подалеку од градската гужва, на околу 4 км од центарот на градот, поврзан со најголемиот Булевар “Партизански одреди”, локација: https://goo.gl/maps/JCjWwdwi7Zov8d7R9
Објектот има сопствено централно греење и централен систем за топла вода, истите се комбинирани на електрична енергија и нафта за домаќинство, брзо и едноставно може да се адаптира и на пелети, а секоја просторија одделно има клима уреди за ладење и греење.
Објектот освен двата скалишни простори, има изградено окно за лифт за четири особи, во кое доколку има потреба, постои можност да се вгради, монтира лифт. Исто така, објектот има простор и можност, доколку има потреба, за поставување на надворешен панорамски поголем и подолг лифт.
Објектот нема сопствен паркинг простор, а за сопствените потреби, ја користи можноста за паркирање околу објектот без надомест.
Сопствениците успешноста на извршување на дејност во објектот, во иднина ја гледаат преку партнерство, поради што Ви нудиме можност за Договор за деловно техничка соработка за користење на шест спрата заедно, или користење одделно на еден или повеќе спратови.
Целта на деловно техничката соработка е спратовите во објектот, во зависност од интересот и потребата, дел или сите спратови, да функционираат како до сега, како сместувачки капацитети, или да се трансформираат, пренаменат, за една или за повеќе дејности, одделно еден или повеќе спратови.
Спратовите се со можност за прилагодување на намената за која имате потреба и со можност за прилагодување на наместеност и опремување согласно Вашите потреби, желби и можности.
Сопствениците сметаат дека објектот е најсоодветен да се пренамени во:
- Приватна здравствена установа,
или
- Центар за стручно образование, едукација и обука кој обезбедува стекнување на компетенции, знаења и вештини,
поради тоа што очекуваат најуспешна и најдолгорочна соработка во овие две области, но се разбира дека не се исклучени било кои други дејности.
Режиски трошоци се плаќаат заедно доколку едно лице ги користи сите спратови на следниов начин:
- електрична енергија, вода, смет и интернет според месечни сметки, фактури,
- доколку по желба се користи нафта за домаќинство или пелети, според примените фактури,
- одржување на хигиена во заедничките простории и скалишниот простор по договор.
Режиски трошоци се плаќаат одделно доколку спратовите се користат одделно, на следниов начин:
- електрична енергија според состојба на контролен струјомер на спратот,
- доколку по желба се користи нафта за домаќинство или пелети, месечен паушал по договор согласно потрошеното,
- вода, смет и интернет, процентуално распределено,
- електрична енергија во заедничките простории месечен паушал по договор согласно потрошената електрична енергија,
- одржување на хигиена во заедничките простории и скалишниот простор по договор.
ФИНАНСИСКИОТ МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТОК ЗА ДЕЛОВНО ТЕХНИЧКАТА СОРАБОТКА ЗА СИТЕ СПРАТОВИ ИЛИ ОДДЕЛНО ПО СПРАТ, ЗАВИСИ ОД ПОВЕЌЕ АСПЕКТИ, А ИСТИТЕ СЕ ПРОМЕНЛИВИ КАЈ СЕКОЈ ПОТЕНЦИЈАЛЕН СОРАБОТНИК, ПОРАДИ ТОА Е ПРЕДМЕТ НА ДЕТАЛИЗИРАЊЕ И ДОГОВАРАЊЕ.

Контакт: Горан Петковски 070/246-176 , [email protected]
Опис на линк

ПЕТ-ИВА-СТАРС ДООЕЛ

хотел
Посети ја страната на нашата продавница
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации