Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Kuka ili sprat od kuka vo Gevgilja

500 ЕУР

85 000 ЕУР

Се продава од: Тони Денес 15:33 Избриши, измени или обнови го твојот оглас
Број на соби
Површина
Број на спратови
Објектот се наоѓа во централното градско подрачје, во зона наменета за индивидуални објекти. На приземјето се сместени голем дневен престој со кујна трпезарија и санитарен чвор (купатило), голема спална и помала мултифункционална соба. На второто ниво е изведена уште една дневна соба со трпезарија, кујна, санитарен чвор, три спални. Мултифункционален објект, со два посебни влеза но и полувнатрешно поврзување на двете нивоа. Објектот е изведен со систем на носиви армирани бетонски столбови и греди, зидови зидани од печена тула. Малтерисана внатрешно со варов малтер на двата ката а одпосле реновирањето покриени се зидовите и со гипс картон плочи на долното ниво (приземје). Во повеќето простории се изведени спуштени плафони се разбира со метална под конструкција. Надворешно фасадата е малтерисана. Куќата е звучно и топлотно одлично изолирана. Меѓукатната конструкција (трети кат) е изведена како полумонтажна метална конструкција и се користи како спална која е поврзана со кровна тераса. Прозорците и вратите се со високо квалитетен алуминиум и термопан стакло. Во деловите наменети за живеење како и во санитариите и кујните се подовите обложени со висококвалитетни керамички плочки. Подно парно греење на двата нивоа на дрва и струја како и приклучок за гас. Камин на второто ниво (кат). Исто така има сопствено соларно греење (400 л) поврзано со двете нивоа со делот на санитариите и кујните. Три инвертер клими. Станбениот објект е лоциран во мирно и прекрасно опкружување на многу добра локација со одлична поставеност и диспозиција. Во радиус од само 200 метри оддалеченост се наоѓаат Хотел-казино Аполонија, гимназијата, болницата, детската градинка и основното училиште.

Се работи за индивидуална станбена куќа со висина приземје и кат со поткровје наменета за две фамилии. Тоталната севкупна наменска квадратура е 203 м2 + 20 м2 кровска тераса + 4 м2 балкон. Инаку објектот кој е комплетно темелно реновиран во 2014 година е граден како потполна новоградба кој потполно е адаптиран на современите услови за живеење на две фамилии или семејно живеење на вториот кат а приземје на пример за комерцијална намена ( како стоматолошка ординација, канцелариски простор или слично). Забелешка: објектот е проектиран без дворно место! Бидејќи објектот е мултифункционален, приспособен со посебни влезови, може да се купи и само едниот кат: наменски како луксузен апартман! Цената е 500 € по м2, зависно од тоа дали се купува само едниот спрат или како целина!
Leaflet
Кон почеток