Објавени: мај 30 2021 10:05

Kuka na ulica Rilski Kongres 85 Veles

ЕУР

Објавени: мај 30 10:05
Прегледи: 41
Се продава куќа на ул. Рилски Конгрес 85 со вкупна површина (внатрешен простор и двор) 413 м2.
Куќата има два спрата:
- Горниот спрат има дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални, ходник и купатило со вкупна површина од 58 м2. Има и дополнителна тераса од 4 м2 со излез од едната спална соба и со поглед према градот.
- Долниот спрат има површина од 18 м2 поделен на 2 соби, од кои едната е дневен престој со кујна. На истото ниво има и дополнителни 3 простории + купатило со вкупна површина од 21 м2.
- На самиот влез од куќата има и две гаражи со големина од 17м2 и 14м2.

Куќата има одличен поглед кон градот и многу зеленило (лозница, цреши, орев, ...). Заради косината на земјиштето, се разликуваат 4 нивоа. На првото ниво се гаражите; на второто ниво е првиот спрат од куќата со помошните простории; на третото ниво е вториот кат од куќата, со две големи тераси како дел од дворот и двете со поглед према градот, и четвртото ниво е над куќата и има простор за бавча.

Соседните куќи се на пристојно растојание. Редовно е одржувана со реновирана фасада. На вториот спрат има поставено и клима уред. Може да се купи наместена или празна по желба на купувачот.

Куќата има навистина многу потенцијал за љубители на кои им е важно дворното место, природата, погледот, и со хоби за одгледување на мали бавчи. Се наоѓа на одлична позиција, на 15тина минути пеш од центарот на градот.

Во прилог е видео. За доловување на внатрешниот простор, најдобро е да се посети. Има чист имотен лист.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
41
078268458

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации