Продавам земја со површина од 19000 м2 во близина на индустриската зона во Прилеп на 100 метри оддалеченост од регионалниот пат Битола - Прилеп. На нивата се посадени пет годишни 1000 дрва со лешник кои веќе се во род. Целата нива е оградена со бетонски столбови поврзани со бодликава жица и мрежа. Целиот насад е поврзан со нов систем капка по капка, има бунар и е поврзан со системот за вода на Прилепско Поле. Со нивата следува и дополнителна механизација нов мулчар.