Оглас од претпријатие Објавени: ноем. 01 2019 11:57

NOV STAMBEN OBJEKT VO NASELBA SENjAK

ЕУР

Објавени: ноем. 01 11:57
Прегледи: 19
Стамбениот објект се наоѓа на атрактивна локација каде се развива нова модерна инфраструктура, во близина на повеке училишта, градинки и маркети. Рок за иградба на објектот е 24 месеци, има катност од приземје плус 4 катови, со фкупно 29 стамбени единици и еден деловен простор.
КОНСТРУКЦИЈА:
Армирано бетонска конструкција, фундирањето се изведува како темелна плоча, меѓуспратните плочи се со армиран бетон дебелина 15 cm плус оплата од стиропор дебелина 20 cm, последната плоча е рамна и над неа се поставува потребната термо и хидро изолација, кровот се изведува од дрвена конструкција, тер папир и лим.
ЅИДОВИ:
Надворешните ѕидови се изведуваат од керамички блок дебелина 25 cm и термо изолација 10см, преградните ѕидови помеѓу становите и ходниците се изведуваат како сендвич од тули дебелина 25 cm - 2 x 10см и тервол од 5см , преградните ѕидови во станот од гипс - картонски плочи со термо и звучна изолација 10см.
ПРОЗОРИ И ВРАТИ:
Надворешните фасадни прозори и врати по станови се изработуваат од ПВЦ профил REHAU со 5 комори термоизолирани профили и застаклени со термопан стакло. Влезот во објектот (ветробранот) и излозите од локалите се од термоизолирани профили од елоксиран алуминиум.
Влезните врати во становите се противпожарни сигурносни со сефовска брава со механизам за вертикално забравување како и фиксни чивии кај шарките,со вкупно 8 точки на заклучување.
Внатрешните врати се медијапански во три бои.
ПОДОВИ:
Термо изолација е поставена на сите катови и на кров. Хидро изолација е поставена на WC-купатилата и балконите, каде што е поставена керамика прва класа. Во становите е поставен високо квалитетен ламинат (дневниот престој, предсобје, спалните и трпезариите). Во кујните е исто поставена керамика со висина до 150см. Во ходниците за комуникација се поставува гранитна керамика
САНИТАРНА ОПРЕМА:
Сите станови се опремени со комплетна санитарни елеманти (WC-шоља, умивалник, кади или туш кади и славини и батерии.
ЛИФТ:
Патнички лифт кои ги поврзува сите етажи во објектот.

Услови за продажба:
- Учество 20% остатокот на рати до завршување на објектот 04.10.2019 година
- Учество 15% остатокот со кредит преку Комерцијална Банка , Стопанска Банка, Тутунска банка или Банка по ваш избор.
-Цена за станбена површина за 1м2 во предпродажба 599 еур + 5% ДДВ
За сите останати информации, околу начинот на плаќање како и подигање на кредити ќе добиете во 2Б ИНВЕСТ ГРУП или на тел 070 322 883 и 071 227 346.
Опис на линк

2B INVEST GROUP AND TRANS

Industrial and Trans Company

Посети ја страната на нашата продавница
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации