Објавени: авг. 01 2020 03:36

НОВ луксузен стан

ЕУР

/ месечно
Објавени: авг. 01 03:36
Прегледи: 2
Целосно опремен, нов луксузен стан со поглед на Водно. Ориентиран југ-запад. Станот располага со три спални соби опремени со сосема нови висококвалитетни душеци. Класична спална соба со двоен лежај, детска соба со два кревета од кои едниот на спрат, втора детска соба со еден кревет. Станот располага со две бањи опремени со современи туш кабини. Модерна кујна опремена со сите машина за миење садови, фурна, плотна, аспиратор, микробранова, фрижидер, итн., изработена во висококвалитетни материјали (медијапан, црн гранит и оплеметета иверка). Дневната соба е опремена со аголна гарнитура изработена во природна кожа, комода, библиотека, две клуб маси, трпезариска маса со четири столици. Станот е опремен со три клима уреди со моќност за загревање и ладење на простор од 115 метри квадратни. Располага со една поголема тераса од 7,2 метри квадратни и малечка тераса од 2 метри квадратни. Станот располага со сопствено паркинг место за моторно возило во подземниот паркинг на објектот со директен пристап на двата лифта. Исто така располага со 5 метри квадратни подрумски простор (остава), веднаш до паркинг местото, погоден за велосипеди и останата опрема. Постои дополнителна можност за паркирање на второ возило во рамки на паркинг просторот околу објектот. Во состав на зградата функционира новоотворената продавница на Тинекс, додека на оддалеченост од 50 метри функционира продавницата на Рамстор. На 100 метри оддалеченост се наоѓа Основното училиште и Гимназијата НОВА.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
2

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации